Демократски сојуз во редовна постапка ги достави законите за СЈО
Објавено во: Македонија 05 Октомври, 2016
Демократскиот сојуз денеска во редовна собраниска постапка ги достави Предлог- Законот за измени на Законот за СЈО и Предлог -Закон за промена на Законот за заштитени сведоци.
Со нив се предвидува продолжување на периодот за поднесување на обвинение односно СЈО да може да користи заштитени сведоци во постапките против обвинетите.
„Донесување на законите во редовна постапка отвора можност да се расправа на комисиите, како и на пленарна
седница. Очекуваме аргументирана расправа и
преку носењето на законите и силна поддршка на СЈО. Парламентот наместо да ја попречува правдата, ќе создаде услови за поефикасна работа на СЈО и
инволвираните во криминал да понесат одговорност“ - додаваат од Демократски сојуз.
Двата закони вчера не ја добија поддршката од пратениците во Собранието.