26 Април, 2024
0.0280

ДЕН КОГА САУДИСКИОТ ГИГАНТ ГО ТРУНА ЕПЛ ОД ТРОНОТ: Вака „Aramco“ стана највредната компанија во светот

Објавено во: Економија 17 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Нафтената компанија сега вреди 2,430 милијарди долари, во споредба со пазарната капитализација на американскиот технолошки гигант од 2,370 милијарди долари.

Нафтениот гигант Saudi Aramco го престигна Apple и повторно стана највредната компанија во светот, благодарение на растот на акциите на берзата, поттикнат од растот на цените на „црното злато“.

Aramco сега вреди 2,430 милијарди долари, наспроти пазарната капитализација на Apple од 2,370 милијарди долари, покажуваат податоците на компанијата за собирање и дистрибуција на финансиски информации Refinitiv, пренесува Танјуг, повикувајќи се на CNN.

Пазарната капитализација на компаниите во последно време често флуктуира.

На почетокот на оваа година, Apple достигна вредност од 3.000 милијарди долари, со што стана првата компанија што го направила тоа, што ја прави убедливо највредната компанија на планетата.

Aramco ја доби титулата највредна компанија во светот по историската иницијална јавна понуда во 2019 година, која ја зголеми нејзината вредност на 2.000 милијарди долари.

Неодамнешните пазарни трендови сугерираат дека има неодамнешна промена во перцепциите за деловните изгледи на производителите на енергија и бизнисите.

Зголемени инвестиции во нафтените играчи

Цените на нафтата скокнаа на рекордно ниво оваа година, особено поради загриженоста за прекинот на испораките од Русија по нејзиниот напад на Украина.

Европската нафта „брент“, глобален репер за формирање на цените на другите видови нафта на светските берзи, годинава бележи раст од 36 отсто, а според последните достапни податоци се тргува по цена од 105,2 долари за барел.

Тоа ги натера инвеститорите да се свртат кон инвестирање во нафтени играчи, како што е Saudi Aramco, чии акции се зголемија за 27 отсто во 2022 година.

Од друга страна, акциите на Apple паднаа за повеќе од 17 отсто од 17 јануари, се наведува во информацијата.


Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката