Денес нестабилно: Кога се очекува стабилизација на времето
Објавено во: Македонија 26 Јуни, 2019
Претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град.
Ќе дува умерен ветер од североисточен правец.
УВ индексот за денес ќе изнесува 7.
Дневните температури на воздухот ќе се движат во интервал од 23 до 34 степен целзиусов. Најтопло се очекува да биде во југоисточниот дел од државата.
Потоа според метеоролозите следува период на стабилно и сончево време, во петок и за време на викендот со умерен до засилен северен ветер.