Денес облачно со слаб снег, нови снежни врнежи еве од кога
Објавено во: Македонија 11 Јануари, 2019
Денес ќе здивнеме од снежните врнежи а веќе од понеделник повторно ќе им се радуваме. Барем така предвидуваат метеоролозите за временската прогноза.
Сонцето од облаците ќе се обиде да пушта краци но студеното време и минусните температури ќе бидат неизбежни и од ова утро.
Дневната температура ќе достигне максимални три степени а на многу места ќе биде четири степени под нулата.
Главниот град очекува дневната температура да стигне до максимум еден степен, а времето ќе донесе и умерен ветер од северен правец.
Веќе од утре се очекува мала стабилизација на времето . Претежно суво и студено ќе биде викендов додека нови снежни врнежи ќе ни донесе понеделникот.