14 Декември, 2025
0.4959

ДЕНЕСКА Е ВЕЛИГДЕН, ПОМЛАДИТЕ ОДАТ НА ГОСТИ КАЈ ПОСТАРИТЕ: Кои се другите обичаи?

Објавено во: Македонија 20 Април, 2025 07:31

Добивај вести на Viber

Православните верници денеска го слават празникот Велигден. Помладите одат на семеен ручек кај постарите. По долгиот пост денеска се јаде мрсна храна.  На трпезата задолжително има и црвени јајца, кои ја симболизираат Исусовата крв, но има и јајца во други бои. Етнолозите забележале дека во различни делови од Македонија има некои мали разлики во однос на обичаите. На Велики Четврток се подготвуваат првите јајца во црвена боја и нив домаќинките обично ги чуваат до идната година.

„Првите три јајца се прават во четврток, првото се чува и за Ѓурѓовден со него и со здравец, децата се мијат по лицето. За Велигден само ги допираат децата со црвеното јајце по лицето. На празникот луѓето одат во црква. Децата одат во петок во црква и се протнуваат под масата,  си замислуваат желба. Тоа го прават од најмали до адолесценти. Во сабота сите кружиме околу црквата. Јагнешко и јарешко се прави за Велигден. Второто јајце од првите три кои се вапцани се верува дека е за домаќинот. Во руралните средини, луѓето кои имаат стока, и сега го прават тоа, односно го чуваат првото јајце кај стоката за да биде таа здрава. Ние во музејот имаме велигденска традиција, првото јајце од 2014 година уште го чуваме. Одењето на гости е во недела, има и собири. Во понеделник се оди на гробишта. Има и слави за Велигден, куќна слава на втор ден Велигден се слави кај мене дома.  Има и имендени, кај луѓето кои се викаат Велин, Величко. Децата одат кај родителите на семеен ручек во неделата. Првите јајца се црвени, а  другото е желба на децата, какви бои сакаат. Некои фамилии вапцаат само црвени јајца“, објаснува Наталија Милковска, етнолог во Градскиот музеј во Крива Паланка.

Во некои краеви, домаќинките ставаат света вода при варењето на јајцата.

„Кај нас порано откако ќе се кружи околу црква, по полноќ се одеше на гробиштата и се кршеа луѓето со јајцата. Демек преку јајцето и неговата симболика душата на Исус се ослободува. Кај нас има едно растение, броќ, и со него се бојат јајцата. Со помош на коренот се бои јајцето. Растението броќ се вари повеќе време и пушта црвена боја. Ова растение го има секаде, но можеби во други краеви го нарекуваат поинаку. За броќ и за празнувањето им држев предавање на децата, за петок, сабота и недела како празник на радоста, најсреќен празник во православието. Домаќинките и со лушпи од кромид ги бојат јајцата“, вели Томе Крстевски, виш кустос етнолог од  Музеј Галерија Кавадарци.

Ако Велигден се паѓа во време пред уште некој голем православен празник, Ѓурѓовден, тогаш во некои краишта за Велигден не се јаде јагнешко месо.

За Велигден се меси погача, која се украсува со плетенки и во која се прават вдлабнатини, во кои се ставаат велигденски јајца. И овој обичај варира од место во место, а некаде се месат повеќе плетени погачи и потоа се разменуваат со пријателите.

За децата во некои краишта се кријат колачи и јајца во домот и во дворот, а тие почнуваат да ги бараат веднаш по појадокот.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово