Денеска ќе се гласа и за новите пратеници кои ќе ги заменат министрите во Собрание
Објавено во: Македонија 25 Август, 2020
На денешната собраниска седница, покрај за потпретседатели, ќе се гласа и за новите мандати на пратениците кои ќе ги заменат министрите, вицепремиерите и старо-новиот премиер Зоран Заев во Законодавниот дом. Покрај тоа, ќе има и нов пратеник од ДУИ на местото на Флорин Весими, кој си даде оставка поради судир на интереси, откако неговиот брат Фатмир Бесими беше предложен за министер за финансии.
Неофицијално, станува збор за вкупно девет нови пратеници. Дека ќе се гласа за новите пратеници потврди и Заев, лидерот на СДСМ, за ТВ21 претпладнево.
„Денеска ќе се утврди бројот на потпретседатели на парламентот и ќе се верифицираат мандатите на пратениците кои влегуваат на местата на оние пратеници кои излегуваат од Парламентот поради други функции во изршната власт. Кога ќе заврши оваа процедура, ќе го поднесам предлогот за влада“, рече Заев.
Тој очекува денеска до касно да трае процедурата за верификација на мандатите, затоа што се најмалку 9 одлуки