06 Мај, 2024
0.0251

Денеска собраниска седница, се бираат заменици-министри во Владата

Објавено во: Македонија 22 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Денеска за во 11.00 во Собранието е закажана седница за избор на заменици-министри откако Владата ја поднесе предлог-листата во петокот. 

Јани Макрадули, долгогодишниот профилиран кадар на СДСМ, повеќе нема да биде дел од македонската Влада, а на неговото место како заменик-министер за животна средина до Собранието е предложена Христина Оџаклиевска.

Заменичката на министерот Насер Нуредини доаѓа од Агенцијата за просторно планирање, а според официјалната биографија испратена до Собранието, се работи за планер за просторно планирање и доктор по географски науки.

Димитар Ковачевски, поранешниот директор на Телком и Оне Вип, а до сега бизнисмен со фотоволтаични соларни модули како сопственик на компанијата  ПиКСЕЛ груп,  е назначен за заменик-министер за финансии во ресорот кој сега го предводи Фатмир Бисими. Владата официјално ја објави листата на заменици-министри која ќе ја предложи до Собранието.

Назим Буши, еден од досегашните министри во Телеком, ќе му биде заменик-министер на Оливер Спасовски, додека Агим Нухиу кој до сега ја држеше таа позиција ќе биде во Правда кај Бојан Маричиќ.

Поранешниот новинар Зоран Димитровски-Жоро, инаку кадар на Демократски Сојуз, е заменик-министер за локална самоуправа кај Горан Милевски, додека Зоран Маневски, поранешен државен секретар од Министерството за транспорт и врски оди кај Крешник Бектеши во Министерството за економија.

Илир Хасани, директорот на Хируршки клиники, ќе му биде помошник на Венко Филипче во Министерството за здравство.

Во продолжение целосната листа на предложените заменици-министри:

- Башким Хасани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за одбрана;

- Назим Буши, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за внатрешни работи;

- Агим Нухиу, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за правда;

- Илхан Рахман, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците;

- Фатмире Исаки, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за надворешни работи;

- Димитар Ковачевски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за финансии;

- Зоран Маневски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за економија;

- Трајан Димковски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство;

- Илир Хасани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за здравство;

- Арафат Шабани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за образование и наука;

- Енвер Хусејин, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за труд и социјална политика;

- Зоран Димитровски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за локална самоуправа;

- Седат Сулејмани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за култура;

- Александар Бајдевски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за информатичко општество и администрација;

- Беким Реџепи, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за транспорт и врски;

- Христина Оџаклиеска, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува