Дете од Крива Паланка починало во возило на Брзата помош
Објавено во: Македонија 18 Септември, 2020
Дете на возраст од 8 години починало на пат кон болница.
Во болницата во Куманово вчера со возило на Брза помош е донесено дете на реанимација.
Детето било од Крива Паланка и без траги на насилство, информира полицијата.
Тоа починало по пат во возило на Итна медицинска помош, информира полицијата.
По наредба на Јавен обвинител телото е дадено на обдукција.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.