ДЕТСКИТЕ РОДЕНДЕНИ ИЗЛЕГОА ОД КОНТРОЛА: Диџеј, автобус, ласери – цените вртоглаво одат нагоре
Објавено во: Финансии 21 Ноември, 2025 07:30
Организирањето роденден за деца во последните неколку години стана финансиско оптоварување за многу семејства. Она што некогаш беше едноставна прослава со торта, роднини и неколку другарчиња, денес прерасна во мини-настан кој по цена понекогаш се изедначува со свадба или приватна свеченост.
Затоа и не е ни чудо што речиси на секое „ќоше“ се отвараат игротеки, тинејџтеки, бидејќи од нив „дебело“ се заработува.
Места за родендени со „свадбени“ цени
Во Скопје родителите сè почесто се соочуваат со цени од 12.000 до дури 25.000 денари само за изнајмување простор и анимација – без торта, фотограф, декорација и останати „дополнителни“ сегменти. Во популарните игротеки, термини за викенд се резервираат месеци однапред, а пакетите што ги нудат се движат од основни до „премиум“ со персонализирани тематски прослави, костимирани аниматори и професионално осветлување.
Дополнителните трошоци ги креваат цените уште повисоко
Најчести издатоци што родителите мора да ги покријат се:
Торта и слатки маси – од 2.000 до 12.000 денари
Фотограф/видео – 2.000 до 6.000 денари
Декорација со балони, транспаренти, 3D фигури – 3.000 до 15.000 денари
Подароци за гостите – дополнителни 1.000 до 3.000 денари
Специјални анимирани ликови или маскоти – до 5.000 денари по лик
Кога ќе се собере сè, просечен детски роденден може да чини од 18.000 до дури 40.000 денари.
Нови скапи роденденски формати кои стануваат хит во Скопје
Покрај класичните игротеки и тематски прослави, во последно време во Скопје се појавуваат и неколку сосема нови, исклучително атрактивни — но и значително поскапи — начини за детско славење.
1. ДЈ-забави во стил на „мини-клуб“ (до 6.000 денари) и тоа само за диџеј
Сѐ повеќе родители ангажираат професионални диџеи кои ако не носат озвучување наплаќаат поевтино, околу стотина евра, но ако треба да носат целосна опрема, тогаш родендените поскапуваат дупло. Па така цената за основен пакет без звучници оди од 6 до 8 илјади денари. Ако треба да донесе плус и звучници, тоа ќе ве чини плус 2.000 денари. Ако по грешка се продолжи роденденот повеќе од тие два часа за кои сте платиле, за следниот час ќе треба да се доплати плус 2.000 денари.
Прославата добива атмосфера на „детска дискотека“, со организирани игри, танцови натпревари и мини-шоу.
2. Роденден во автобус – нов тренд кој чини околу 20.000 денари
Еден од најновите хитови е прослава во специјално преуреден роденденски автобус. Возилото се движи низ градот, а внатре има музика, светла и мини подиум.
Цената за резервација до 30 деца е околу 20.000 денари, што ги става овие родендени во категоријата „премиум прослави“.
4. Адреналински родендени во авантуристички паркови (600 денари по дете)
За поактивни прослави, родителите сè почесто ги избираат адреналинските паркови каде што децата минуваат низ zip-line, препреки, висечки мостови и натпревари.
Цената е околу 600 денари по дете, што за роденден со 15–20 гости може да достигне и сериозна сума.
Овој тип роденден е многу популарен во пролет и лето, бидејќи комбинира авантура, физичка активност и тимски игри.
Родителите револтирани, но сами си се виновни
Многу родители велат дека чувствуваат притисок – не само поради желбата на децата, туку и поради конкуренцијата меѓу семејствата.
„Ако едни направиле тематски роденден со Спајдермен, други се чувствуваат должни да направат нешто исто или поголемо“, велат соговорници за „Фактор“
Други пак признаваат дека би сакале да скратат трошоци, но не сакаат нивното дете да се чувствува „помалку“ од другите во градинка или училиште. Сепак се свесни дека за високите цени најголемата вина ја имаат токму тие.
Д.Т.
Можеби ќе ве интересира
Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра
Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома
„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска
„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго
РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете
ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно
ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари




