09 Октомври, 2024
0.0289

ДЕТСКИТЕ СПОМЕНИ НА ПЕЈАЧКАТА ЕЛЕНА РИСТЕСКА: Тажна сум на секој празник

Објавено во: Стил 11 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Дедо ми свиреше на гајда, традиционалните македонски песни се пееја најмногу и од таму ги научив. Не се сеќавам дека во тој период некоја фамилија беше посреќна од нашата. Спокојот, смеата, радоста и музиката беа својствени за нас. Дел од фамилијата веќе не е меѓу нас, затоа ужасно ми фали тој период од животот. Особено татко ми, откина дел од нашите души

Празниците се емотивен период за поп-пејачката Елена Ристеска. Секој поголем празник, особено Велигден и Божиќ и будат убави спомени на детството и на деновите кога нејзиното семејство било поголемо. Елена со радост, но и со тага се сеќава на својот покоен татко, кој почина пред една ипол година, до долго боледување. Незаборавни за неа се и дружењата со баба и ѝ со дедо и, моментите кога сите покрај празничната трпеза пееле македонски народни песни. Елена за Женски магазин откри дел од нејзините сеќавања.