Девојче искасано во сопствен двор во Кавадарци
Објавено во: Македонија 02 Април, 2018 13:00
Девојче од Кавардци се стекна со потешки телесни повреди откако во дворот од нејзината куќа влегло куче во сопственост на соседите и ја искасало за раката и ногата.
Настанот се случил во саботата, додека малолетно дете си играло во дворот од куќата на улицата „ЈНА“ во Кавадарци, потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес
– Во еден момент во дворот влегло куче од непозната раса, сопственост на соседите. Тоа го нападнало и каснало девојчето на левата рака и левата подколеница, при што, му нанело телесни повреди, појасни Додевски.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица од општа надлежност Кавадарци. (МИА)
Можеби ќе ве интересира
Загина работник од Аллбанија, му паднала машина додека работел на трафостаница
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име




