14 Декември, 2025
0.0329

Девојка се обиде да си го одземе животот во Охридското езеро, полицијата и војската ја спасуваа

Објавено во: Македонија 11 Април, 2022 22:07

Добивај вести на Viber

Млада девојка се обиде да си го одземе животот во Охрид, во близина на Каналот Студенчишта кај Билјанини извори, спроти зградата на Езерската полиција. Девојката, плачејќи на глас облечена влезе во охридското езеро и исплива стотина метри. Нашата екипа беше сведок на овој настан и го пријави случајот во полиција. 

Гласното плачење на девојката ги вознемири луѓето кои шетаа на охридскиот кеј, во близина на некогашниот кафе бар „Куба либре“. Додека пливаше накај длабочината, една жена која седеше на блиските клупи на кејот, замина накај зградата на полицијата за да го пријави случајот. Неколку граѓани немо ја гледаа, а уште една група жени кои се најдоа во близина, потрчаа накај полицијата, а од каде што ни рекоа дека веќе добиле повик од дека млада девојка сака да си го одземе животот. Полицијата и војската реагираше по неколку минути. И пред полицијата да ја повика да ја повика девојката да се врати назад, таа полека почна да плива нaкај брегот. „Викајте брза помош“, им рече на колегите еден од полицајците, а девојката сè уште гласно плачеше, но веќе беше излезена од езерото. Полицајците и војската ја фатија за раце и ја однесоа во зградата на Езерската полиција. Не успеавме да стапиме во контакт со СВР Охрид за повеќе детали за случајот. (М.Џ.) 

Фото: Принтскрин, Охрид њуз

Можеби ќе ве интересира

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово