19 Мај, 2024
0.0283

ЏЕК МА ПРЕДЛАГА: Да направиме „светска Алибаба“!

Објавено во: Свет 24 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Основачот на кинеската компанија за трговија преку Интернет Алибаба, Џек Ма, предложи креирање на меѓународни платформи за онлајн продажба, јави Раша Тудеј.

Тоа, според неговите зборови, би помогнало за развивање на бизнис и јакнење на културолошките врски помеѓу државите.

„Светот станува се покомплициран, имајќи ги предвид културолошките разлики и растечки контроверзии. Трговијата е најдобар начин на комуникација, бидејќи им помага на луѓето взаемно да се разберат“, рекол Ма на Боао форумот за Азија (BFA).

Заедничка платформа за онлајн трговија, како што рекол, би привлекла и претпријатија и економии во развој.

„Тоа би го отклучило потенцијалот на околу 80 одсто од светските компании, 80 одсто од државите во светот и 80 одсто млади луѓе. Би можеле, не само во своето соседство, туку ширум светот, да ги продавате своите стоки“, истакнал основачот на Алибаба.

Тој исто така, истакнал дека се противи на трговските санкции.

„Сметам дека трговијата е таа која ги претставува човековите права и слобода“, рекол Ма, додавајќи дека трговијата моментално се користи како средство во глобални политички судири.

Според неговата оценка, развојот на онлајн трговијата нема да ги истисне традицоналните продавници од пазарот.

„Луѓето се грижат дека технологијата ги уништува работните места. Меѓутоа, интернет технологијата ќе донесе додатни работни места и ќе бара додатно знаење и амбициозни вработени“, смета Ма.

Toj го осудил трговскиот перфекционизам, порачувајќи дека претпријатијата мора да станат клучен покренувач на развој на трговијата во сиромашните земји.

Регионалниот преотекционизам, како што оценил, доведува до додатни судири, а како пример ја навел спогодбата за Транспацифичкото партнерство (ТПП).

„Трговијата допринела за експанзија на Кина во изминатите 15 години. Потребни ни се иновативни технологии за е-трговија, кои неразвиените држави низ 15 месеци ќе ги доведе на ниво на кое е Кина“, заклучил тој.

BFA е непрофитна организација, со седиште во градот Боао, јужнакорејска покраина Хајнан, и работи на промовирање на економските интеграции на азиските земји“.

Можеби ќе ве интересира

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети

(ВИДЕО) НЕМИРИ ВО НОВА КАЛЕДОНИЈА: Француските сили почнаа „голема операција“

(ВИДЕО) НЕМИРИ ВО НОВА КАЛЕДОНИЈА: Француските сили почнаа „голема операција“

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА ФИЦО: Премиерот паѓа преку клупата

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА ФИЦО: Премиерот паѓа преку клупата

ВОЈНА ВО УКРАИНА: Идните недели се клучни

ВОЈНА ВО УКРАИНА: Идните недели се клучни

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ЕВРОПА: Погодени се Германија, Италија, Белгија, Франција и Холандија

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ЕВРОПА: Погодени се Германија, Италија, Белгија, Франција и Холандија

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години