Добивај вести на Viber
Процесот на дигатилазција на катастарските планови се одвива повеќе од успешно и се очекува истиот да биде завршен и пред предвидениот рок, информира Агенцијата за катастар на недвижности.
Во 1.145 катастарски општини или 60,07 отсто од вкупниот број на катастарски општини веќе се завршени со дигитализација на аналогните катастарски планови. Од нив 21,2 отсто се во завршна фаза на усогласување со базата на податоци од електронскиот катастар и за многу кратко време ќе бидат мигрирани во графичкиот дел на електронскиот катастар.
Во 741 катастарски општини или 38,9 отсто од вкупниот број на катастарски општини или 44.44 отсто одтериторија на државата се комплетно завршени, усогласени и мигрирани во графичкиот дел на електронскиот катастар и истите се во секојдневна употреба.
Крајниот рок за дигитализација на целата територија на Република Mакедoнија со дигитални катастарски планови е декември 2015 година, но прoценките на Агенцијата се дека со ова темпо на работа дигитализацијата ќе заврши неколку месеци порано.