ДИК ги констатираше листите, дел од партиите да корегираат документи
Објавено во: Македонија 13 Ноември, 2016 22:00
До Државната изборна комисија доставени се 13 листи од политички партии и коалиции, a на 6 партии пратено им е известување за да направат корекции во документите.
„Левица“, Коалиција за промени и правда, Социјал – демоктартската партија на Македонија, Коалиција за Албанците, ВМРО за Македонија и Националното движење за Македонија се известени дека се вратени на корекции.
Корекциите генерално се однесуваат на недостаток на соодветен личен документ на кандидатите.
ДИК ги констатираше сите листи освен кандидатурите на Бранко Јаневски и Социјал-демократската партија во изборната единица еден и три, објави 24 Вести.
Стево Продановски нема да му биде противкандидат на Стево Пендаровски, ниту Љупчо Николовски од СДПМ на Љупчо Николовски од СДСМ.
Од денеска па сè до почетокот на кампањата согласно изборниот законик и измените договорени во Пржино кандидатите кои се потврдени од ДИК нема да може да се појавуваат во медиумите, да промовираат мерки, да искажуваат ставови, ниту пак партиите да одржуваат конвеции и да ги промовираат кандидатите и да праќаат политички пораки, бидејќи тоа ќе се смета за предвремено почната кампања.
На 20 – ти ноември со жрепка ќе се утврди распоредот на кандидатските листи на гласачкото ливче за претстојните парламентарни избори закажани за 11-ти декември. Изборната кампања почнува на 21 ноември.
Можеби ќе ве интересира
Загина работник од Аллбанија, му паднала машина додека работел на трафостаница
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него




