14 Декември, 2025
0.0799

ДИК ОТФРЛИ НЕКОЛКУ ЛИСТИ ЗА ИЗБОР НА ПРАТЕНИЦИ: Koи се причините?

Објавено во: Македонија 12 Април, 2024 19:27

Добивај вести на Viber

Државната изборна комисија(ДИК) денеска утврди, но и отфрли неколку листи за избор на пратеници во Собранието. 

ДИК попладнево на 96. седница, ги утврди листите. Едногласно беа прифатени листите за пратеници на Демократи – Скопје за ИЕ 6, на Единствена Македонија за ИЕ 1, 2, 3, 4 и 5, на Нова алтернатива и Десна за ИЕ 1, 2 3 и 4, на Работничка партија за ИЕ 1 и 5, како и на Родина Македонија за ИЕ 3.

Поради некомплетна документација, во согласност со член 67 став 6 од Изборниот законик, едногласно беа отфрлени листите на кандидати за пратеници во ИЕ 2, 3, 4 и 6 на Работничка партија, листата на Едниствена Македонија за ИЕ 6 и листите на кандидати на Десна за ИЕ 5 и 6.

Во однос на листата на Работничка партија за ИЕ 6, членот на ДИК, Борис Кондарко, соопшти дека се воочени специфични неправилности за кои се известени надлежните институции.

„При прегледување на документите на оваа партија за ИЕ 6, имаше специфични неправилности кои треба да ги испитаат други инстиуции кои службено ги известивме согласно Изборниот законик“, рече Кондарко.

Соопшти дека Нова алтернатива за ИЕ 5 и ИЕ 6 поднела листи на кандидати, но надвор од рокот, поради што тие листи ДИК нема да ги земе предвид.

„Оваа партија доставила две листи вон рокот и ДИК нема законска основа, ниту обврска да постапува, односно да дава дополнителен рок за исправка“, додаде Кондарко.

ДИК претходно, изврши жрепка за распределба на локациите на рекламните паноа и билборди врз основа на членот 78-а од Изборниот законик за изборите за пратеници во Сообранието.  Во Македонија наскоро ќе се одржат парламентарни и претседателски избори. 

фото принтскрин

Можеби ќе ве интересира

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово