Димитар Апасиев и Борислав Крмов со велосипеди стигнаа на собраниската конститутивна седница
Објавено во: Македонија 04 Август, 2020
Пратениците од Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов со велосипеди стигнаа на денешната собраниска конститутивна седница.
„Денес, за прв пат во историјата на Македонија, претставници на угнетената класа станаа полноправни членови на Законодавниот дом! Нашата искрена и бескомпромисна борба за праведна и слободна РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – градена со автентичен политички активизам – денес доби парламентарен облик преку кој ќе поставиме нови стандарди на политичко делување. Борбата за правда е долга и племенита – и истата допрва започнува!“, напиша Левица на фејсбук профилот на партијата.
Патувањето со велосипед ќе биде пракса за Левица, како симболика во борбата против бенефециите на народните избраници.