16 Јануари, 2022
0.0212

ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ: Многу брзо ќе ги демантирам етикетите од опозицијата, ќе донесам квалитетни промени во партијата

Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2021

Димитар Ковачевски, фаворит на Зоран Заев за негов наследник на лидерската позиција во СДСМ, кој вчера потврди дека ќе се кандидира за нов претседател на партијата, вели дека „не е ничиј човек, туку е човек со интегритет и големо професионално искуство соодветно за позицијата претседател на СДСМ“.

Во интервју за МИА тој говори дека е ослободен од внатрепартиски поделби и игри, кои ги смета за непродуктивни. 

Во врска со актуелниот претседател во оставка - Зоран Заев вели дека постигнал извонредни резултати во својот мандат, иако СДСМ на овие избори на некој начин беше казнет од своите гласачи кои решија да останат дома или да гласаат за помали партии и независни листи.

СДСМ на 12 декември ќе гласа за нов лидер, по оставката на Зоран Заев по поразот на локалните избори.

Ковачевски наведува дека „многу брзо“ ќе ги демантира „етикетите“ кои му ги дава опозицијата со тоа што, како што вели, ќе постигне резултати со работа.

„Мојот фокус е да донесам квалитетни промени кои граѓаните и нашите членови ги очекуваат, но и многу брзо ќе ги препознаат“, вели Ковачевски.

Тој додава дека државата освен решавањето на „историските проблеми со соседите“, треба да се фокусира и на клучните проблеми дома, на борбата со криминалот и корупцијата, реформи во судскиот систем, јакнење на економијата и подигнување на животниот стандард на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

НЕ ПУШТИЛЕ ПАРНО ВО СОБРАНИЕ-АПАСИЕВ КОМЕНТИРА: Најјако ќе биде Таче во Собрание со капа, шал, ракавици и палома марамчиња

НЕ ПУШТИЛЕ ПАРНО ВО СОБРАНИЕ-АПАСИЕВ КОМЕНТИРА: Најјако ќе биде Таче во Собрание со капа, шал, ракавици и палома марамчиња

ПЕТКОВ ПРЕД ПОСЕТАТА НА СКОПЈЕ: Треба да ги исчистиме деструктивните сили и во Северна Македонија и во Бугарија, кои тежнеат кон назадување

ПЕТКОВ ПРЕД ПОСЕТАТА НА СКОПЈЕ: Треба да ги исчистиме деструктивните сили и во Северна Македонија и во Бугарија, кои тежнеат кон назадување

ВИСОК БРОЈОТ НА НОВОЗАРАЗЕНИ-1.635, ПОЧИНАА 9 ПАЦИЕНТИ: Во Македонија има повеќе од 15.500 активни случаи на ковид

ВИСОК БРОЈОТ НА НОВОЗАРАЗЕНИ-1.635, ПОЧИНАА 9 ПАЦИЕНТИ: Во Македонија има повеќе од 15.500 активни случаи на ковид

МАКЕДОНИЈА ПОРАЗЕНА И ОД ЦРНА ГОРА: Ракометарите го загубија мечот со четири гола разлика

МАКЕДОНИЈА ПОРАЗЕНА И ОД ЦРНА ГОРА: Ракометарите го загубија мечот со четири гола разлика

ЈА СИЛУВАЛЕ ПОВЕЌЕ ЛИЦА-МОНСТРУОЗЕН НАСТАН ВО СТРУМИЧКО: Несреќната жена ја силувал сопругот со уште неколку мажи

ЈА СИЛУВАЛЕ ПОВЕЌЕ ЛИЦА-МОНСТРУОЗЕН НАСТАН ВО СТРУМИЧКО: Несреќната жена ја силувал сопругот со уште неколку мажи

ОМИКРОН ЌЕ ГО ДОСТИГНЕ ВРВОТ КОН КРАЈОТ НА ЈАНУАРИ: Епидемиологот Даниловски очекува за недела-две да има смртни случаи и од омикрон, за среќа помалку

ОМИКРОН ЌЕ ГО ДОСТИГНЕ ВРВОТ КОН КРАЈОТ НА ЈАНУАРИ: Епидемиологот Даниловски очекува за недела-две да има смртни случаи и од омикрон, за среќа помалку

ЗА ВЛАДАТА НЕМА ДИЛЕМА – НИКОЈ НЕМА ДА ПРЕГОВАРА ЗА ИДЕНТИТЕТОТ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД: Ковачевски најави интензивирање на разговорите со Бугарија

ЗА ВЛАДАТА НЕМА ДИЛЕМА – НИКОЈ НЕМА ДА ПРЕГОВАРА ЗА ИДЕНТИТЕТОТ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД: Ковачевски најави интензивирање на разговорите со Бугарија

СТАПКАТА НА НЕВРАБОТЕНОСТ ЕДНОЦИФРЕНА, ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ, РАСТ НА ПЛАТИТЕ: Ковачевски образложува пред пратениците

СТАПКАТА НА НЕВРАБОТЕНОСТ ЕДНОЦИФРЕНА, ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ, РАСТ НА ПЛАТИТЕ: Ковачевски образложува пред пратениците

АРСОВСКА ГИ ИГНОРИРА МАКИТЕ НА СКОПЈАНИ: СДСМ обвинува дека градоначалничката само бара оправдувања

АРСОВСКА ГИ ИГНОРИРА МАКИТЕ НА СКОПЈАНИ: СДСМ обвинува дека градоначалничката само бара оправдувања