03 Мај, 2024
0.0331

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА: Дали со пари од Еуростандард банка се финансирала кампањата на владејачката структура?

Објавено во: Финансии 03 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Гордана Димитриеска-Кочоска, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, повторно го актуелизира прашањето со Ееуростандард банка и наводното завршување на пари од таа банка во струмички фирми. Вели дека сега тоа прашање го поктенуваат и штедачите на банката. Оди дотаму што прашува дали со тие пари се финасирала кампањата на владејачката структура.
Еве што нашиша Кочовска на својот фејсбук профил. 
„Постои една народна поговорка ‚На лагата кратки и се нозете'. Па ако ја знаете уште од најрано детство ќе остане за навек врежана во главата.

Дека ништо не останало скриено е исто така реченица со која пораснав. И еве денес повторно таа реченица докажува дека ништо скриено не останало.

Во средината на месец август, кога се објави стечајот за Еуростандард банка, ВМРО-ДПМНЕ беше прво кое информирше дека најголемите пари завршувале во струмички компании, а сега гледаме дека и штедачите на банката дојдоја до тие информации и дадоја податок плус дека повеќе од 8 милиони евра завршиле кај само една групација на струмички компании.

Уште колку ненаплатливи кредити завршиле по струмички фирми? Дали овие пари се проневерени со цел да се финансира кампањата на владејачката структура оваа а и изминатите години бидејќи овие активности не биле само во тековната година. Дали конечно гувернерката ќе не удостои со коментар плус во однос на овој случај за кој не добивме никакво објаснување“, прашува Гордана Дмитриеска-Кочовска преку Фејсбук.

Од партијата тврдеа дека немаат никаква поврзаност ниту со Трифун Костовски, ниту со причините за пропаѓањето на неговата банка. Сметаат дека партијата не треба да се вмешува, а го упатуваат Костовски или било кој друг, сите евентуални наводи за сомнително работење да се достават до надлежните институции.

Ова следиваше откако сопственикот на банката во стечај, Трифун Костовски, тврдеше дека средства од банката отишле токму во струмичкиот регион, а тоа се случило благодарение на поранешниот прв човек на неговата банка, Николче Петковски, кој „бил припадник на СДСМ и одработувал за СДСМ“.

СДСМ категорично отфрла каква било поврзаност со Трифун Костовски и причините за неуспешното работење на Еуростандард банка. Оттука обидите партијата да се вмешува во овој случај ги сметаме за крајно манипулативни и тенденциозни. Потсетуваме дека има надлежни институции и охрабруваме било кој да ги пријави сите наводи и јавноста да ги добие сите одговори врз јасна транспарента постапка“, изјавија од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата