17 Декември, 2025
0.0396

ШОКАНТНО ТВРДЕЊЕ НА КОСТОВСКИ: Големи пари од Еуростандард се одлевале во струмичкиот регион и во фирма која требало одамна да биде банкрот

Објавено во: Финансии 19 Октомври, 2020 12:25

Добивај вести на Viber

Сопственикот на Еуристандард банка денеска излезе со шокантни тврдења за тоа каде завршувале парите од кредитите од Еуростандард банка. 

Тој во емисијата студио 10 за РВ 24 реке дека нив не им било дозволено да ја најдат трагата на парите, и тогаш, како што вели, им го удриле сатарот. 

„Два дена пред објавувањето на стечајот разговаравме со Народна банка да уплатиме нови 2,2 милиони евра за да го прифатат потенцијалниот партнер од надвор. Не ни удоволија. НБ е џелатот, а истата таа банка сега мислела за народот. Не извлекоа вонредни мерки, не воведоа администрација. Ако некого треба да маваат, тука сум јас и мојот постар син. Николче Петковски одработувал за себе и за политички партии, големи средства од Еуростандард се одлевале во струмичкиот регион, јас за ова дознав пред година и половина“, рече бизнисменот Трифун Костовски во Студио 10 за ТВ24.

Тој вели дека тие како сопственици не бегаат од одговорност.

„Ние не бегаме од одговорност, змначи сносиме и наша вина што не дозволивме службите во банката да истераат се на виделина и да го кажат својот збор. Туку цело време од страна на Управниот одбор беа тапкани по глава да не смеат да кажуваат ништо ниту на Надзорните одбори, за сите девијантни појави, а не дека такви не беа нотирани, нотирани беа, меѓутоа сите бевме некако заслепени“, рече Костовски. 

Прашан кои се за ова мотивите, вели дека неговата доверба била купена од претходиот директор на банката Николче Петковски. 

„Мотивите јас ги гледам првенствено во себе. Јас сум човекољубец, имам доверба во луѓето. Морам да кажам дека тој човек успеа да ја купи мојата доверба, бидејќи навистина е човек кој нема никаква мана во сопствениот живот. Зборуваме за Николче Петковски, кој десет години беше генерален директор. Не пие, не пуши, не пие кафиња, не е по никакви коцки или било што. Едноставно беше човек на место, асален, меѓутоа сето тоа е само добра фасада“, рече Костовски.

На забелешката дека во банкарскиот сектор го знаат Петковски дека тој е исклучително добар познавач, Костовски вели:

„Само зависи за кого одработувал. Денеска сфаќам дека најмалку работел за нас. Одработувал за себе и за некои други. Политички партии се во прашање“, вели Костовски.

А прашан за кои политички партии, дали за сите, тој вели дека Петковски бил член на СДСМ и дека пари се одлевале во струмичкиот регион.

Па не за сите, бидејќи тој е припадник на Социјалдемократскиот сојуз. Бидејќи, големи средства од банката се во тој регион, во струмичкиот, во Галафарм, фирма која од самиот почеток требала да биде банкрот, меѓутоа упорно, упорно у упорно таму се пикале пари“, рече Костовски за ТВ 24. 

Надзорна комисија во Собеанието ќе расправа за случајот Еуростандард банка, а според очекувањата на претседателот на собраниската комисија за финансирање и буџет, Тимчо Муцунски, тоа ќе се случи најверојатно на стартот на идниот месец. 

Можеби ќе ве интересира

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска