26 Април, 2024
0.0309

Димитриевски до Тасевска од СДСМ: Земјиштето е приватно, стекнато кога работев во Ирак и кога не се занимавав со политика, лагите нема да ви поминат!

Објавено во: Македонија 14 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски реагира за денешната прес-конференција на пратеничката од СДСМ Лидија Тасевска. 

„Денеска, повторно сме сведоци како продолжуваат нападите и лажните обвинувања од страна на кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ Оливер Илиевски и пратеничката на СДСМ Лидија Тасевска. И двајцата денеска излегоа со информација за моја наводна злоупотреба на службената положба за купување на државно земјиште. Кандидатот за градоначалник Илиевски во дебатна емисија дезинформира дека имотот сум го стекнал кога сум бил претседател на Советот во општината, додека пак пратеничката Тасевска дезинформира дека имотот сум го стекнал додека сум бил градоначалник. Пред да изнесувате вакви информации потребно е претходно да ги знаете фактите! Точно е дека имам земјиште, но за него се водеше постапка 9 години, а тогаш немав ништо со политика. Како и многу други мои сограѓани работев во Ирак, спечалив пари и купив земјиште, кое не е државно како што вие дезинформирате, туку е купено од приватно лице како и многу други купувачи од мојот град во тоа време кои купија имот на таа локација "Црвенки". Ова земјиште е уредно пријавено, со документи и сите постапки како мој имот и тоа се гледа во мојата пријавена имотна состојба во ДКСК. Да повторам, земјиштето не е државно, туку било и е приватна сопственост во моментот на купопродажба инсо истото сум се стекнал кога не сум бил претседател на Совет, ниту пак кога сум бил градоначалник, туку е стекнато пред многу години кога работев во Ирак! Пред да излезете заеднички во јавност со дезинформации и обвинувања, потребно е подобро да се спремите. Со ваквите неосновани напади кои сакате да ги злоупотребувате во политички цели само докажувате дека вашата цел е да победите на локалните избори со лаги и притисоци“, стои во реакцијата. 

Додава дека граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ континуирано во текот на целата кампања се соочува со закани, притисоци, местенки, но вели дека тој начин за доаѓање на власт повеќе не поминува! Доколку пратеничката Тасевска во рок од 48 часа не се извини, ќе биде покрената тужба.

Можеби ќе ве интересира

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите