Димитриевски за Делчев: Зошто не го решила бугарската држава повеќе од 40 години да го стави во саркофаг да го закопа некаде во Бугарија?

Објавено во: Македонија 05 Февруари, 2023 07:59
Гоце Делчев е синонимот на македонската борба, вели кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски за бугарски медиум.
Димитриевски во емисијата „Говори сега“ на бугарската национална телевизија БНТ1 во Софија изјави дека стигнал во Бугарија поради тоа што не навредувал полицајци, не бил агресивен и се однесувал културно и европски.
„Секогаш ги слушаме изјавите на политичарите и велат сакаме да врвиме напред, всушност тие се главната причина зошто одиме назад. И секогаш пред избори, во предизборниот период особено тука во Бугарија името на Гоце Делчев и односите помеѓу Македонија и Бугарија се користат во предизборна кампања, се собираат политички поени. А, дали сакаме да одиме напред, да секако. Гоце Делчев е симболот на македонизмот, Гоце Делчев е Македонија и Македонија е Гоце Делчев. Ние го почитуваме и сакаме и тоа во секој кабинет во Македонија. Јас го почитувам ставот на господин Христов, но Гоце Делчев кажува за самиот себе што е и каков е“, изјави Димитриевски.
Тој информираше дека за положување на цвеќе во Скопје чекал два часа, бил најавен во делегацијата и чекал затоа што такви биле мерките за безбедност.
„Ние сме Македонци, вие сте Бугари. Гоце Делчев е синонимот на македонската борба, еден од современите македонски преродбеници. На крајот, каде почива? Во Скопје, тоа му била последната желба. Зошто не го решила бугарската држава повеќе од 40 години да го стави во саркофаг да го закопа некаде во Бугарија, бидејќи сакал да почива во независна Македонија“, рече Димитриевски.Кумановскиот градоначалник порача дека Бугарите мора да прифатат дека сме Македонци, инаку нема да се разбереме. Вчера денот беше тензичен, но немаше нереди. Чествувањето на херојот Гоце Делчев претходно беше оценето како настан од висок ризик.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Обвинителството за гонење на организиран криминал го обжали решението за куќен притвор за сопственикот на „Пуцко петрол“

МИЦКОСКИ: Ќе протестираме и ќе им се случи народ ако корумпираните судии со изгласана недоверба не си дадат оставка

МИЦКОСКИ: Не гласам уставни измени под притисок, со лигавење како полжави како што прави опозицијата не се стига далеку

СТАТИСТИКА ЗА ЈАНУАРИ: Турците се најбројни гости во Македонија

ПРИЧИНА КОЈА ЈА НАВЕДЕ ДА НЕ ОДИ ВО ПРИТВОР: Јахоски не поднел барање за старателство врз децата

ОЈО РЕАГИРА ЗА ДНЕВНО-ПОЛИТИЧКО ПОЕНТИРАЊЕ: Ги отфрламе сите информации за наводни притисоци за одредени предмети

АГЕЛЕР: Внимателно ги следиме процедурите во Собранието во врска со изгласаните интерпелации за петте членови на Судскиот совет

ПРИЗНА ВИНА И ДОБИ ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР - изречена пресуда за Елвин Куртовиќ за убиството кај „Мавровка“

Уставен суд: Интерпелација не може да се примени за уставните судии, на тој начин се прави упад во уставно-судска власт
