ФАКТОР НА ДЕНОТ: Обвинителството за гонење на организиран криминал го обжали решението за куќен притвор за сопственикот на „Пуцко петрол“
Објавено во: Македонија
13 Март, 2025 21:26
Добивај вести на Viber
OД ОЈО СЕ НЕЗАДОВОЛНИ ШТО ЈАХОСКИ ДОБИ КУЌЕН ПРИТВОР
Од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал сега велат дека биле незадоволни од мерката куќен притвор за Јахоски, па во законскиот рок поднеле жалба на таквата одлука.
„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција го разгледа Решението со кое не се прифати предлогот на обвинителството за определување на мерка притвор и на осомничен му беше определена мерка куќен притвор и мерка на претпазливост – одземање на патна исправа и забрана за издавање на нова патна исправа. Незадоволно од ваквата одлука Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во законски утврдениот рок до Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје поднесе жалба поради суштествена повреда на одредбите од кривичната постапка и побара Кривичниот совет да ги преиспита фактите содржани во жалбата, како и решавачките факти врз основа на кои е донесено обжаленото Решение“, се вели во одговорот кој ОЈО ГОК го испрати до новинрите.
ЕЛВИН КУРТОВИЌ ДОБИ ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ЗА УБИСТВОТО КАЈ МАВРОВКАОсновниот Кривичен суд Скопје го осуди на доживотен затвор Елвин Куртовиќ, по признание на вина за убиството позади трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје на 20 август минатата година.
Судијката Моника Бахчовановска, пред објавата на пресудата прочита вештачење од психијатар на обвинетиот, во кое се оценува дека е психички здрава личност со нормална интелигенција.
- Вештачењето покажува дека од увидот во казнената евиденција од 16 години е осудуван за кражби, насилство, сообраќајки, фалсификување..., а, имал и пресуди во странство. Од почетокот на адолесценцијата имал проблеми и асоцијалност, изразено непочитување на социјални норми и невозможно одржување на трајни релации, ниска толеранција и склоност кон насилство. Кога го сторил кривичното дело бил во секој момент пресметлив и со уредно психичко здравје - изјави судијката Бахчовановска. ОЈО РЕАГИРА ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ ЗА ПОЛИТИЧКИ ПРИТИСОЦИ
Од ОЈО се јавија со реакција и тврдат дека не е точно дека имаат притисоци за одредени предмети.
Во соопштението велат дека јавните обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги отфрлаат сите информации што кружат во јавноста за наводни притисоци врз нив во врска со предметите по кои постапуваат и јавно ги осудуваат ваквите изјави што задираат во нивниот интегритет. ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Берзата и оваа година направи анализа колку жените се застапени во управните и раководните органи и тела на компаниите кои се котирани на македонскиот пазар на капитал, а таа покажува дека мажите и натаму се најпосакувани „шефови“ во македонскиот бизнис, иако компаниите раководени од жени остваруваат многу подобри резултати.
Просечната малопродажна маржа кај овошјето достигнувала 37,7 отсто, додека кај зеленчукот 48,3 проценти, утврдила анализата на Институтот за економски истражувања и политики „Фајненс тинк“.
За луѓето кои работат како аргати е прифатливо да им се плаќа работен стаж, нешто за што веќе има предлог закон во собраниска процедура.
Асмир Јахоски, сопственикот на „Пуцко Петрол“, кој е во домашен притвор по апсењето во аферата за набавка на мазут со сомнителен квалитет заедно со Ратко Капушевски од РКМ, има огромна малопродажна мрежа на бензински пумпи, но и вреден имот за продажба на деривати на големо.
Германија продолжува да ја крепи македонската извозна економија затоа што во јануари апсорбираше 38% од целиот македонски извоз. Суровините за катализатори што ги произведува „Џонсон Мети“ се значајна увозна компонента која Велика Британија ја прави еден од најголемите увозници.
Милиони луѓе ширум светот се борат за втора шанса за живот, чекајќи трансплантација на орган што може да им го спаси животот, да им го продолжи, и секако да им го подобри квалитетот на живеењето.
Можеби ќе ве интересира
„ПРИЈАВИВ ДЕКА НОЌЕН КЛУБ СЛУЖИ АЛКОХОЛ НА МАЛОЛЕТНИЦИ ПОСЛЕ ПОЛНОЌ...“ - горчливо искуство на граѓанин од пред две години, еве како завршил
„ПРИЈАВИВ ДЕКА НОЌЕН КЛУБ СЛУЖИ АЛКОХОЛ НА МАЛОЛЕТНИЦИ ПОСЛЕ ПОЛНОЌ...“ - горчливо искуство на граѓанин од пред две години, еве како завршил
ОДЗЕМЕНИ СЕ 198 ЛИЦЕНЦИ ВО ДЕЛОТ НА ИЗГРАДБАТА НА СТАНОВИ - во Министерството за транспорт се работи и денеска, а и утре
ОДЗЕМЕНИ СЕ 198 ЛИЦЕНЦИ ВО ДЕЛОТ НА ИЗГРАДБАТА НА СТАНОВИ - во Министерството за транспорт се работи и денеска, а и утре
СУДОТ ОДРЕДИ 30 ДНЕВЕН ПРИТВОР ЗА ОСОМНИЧЕНИТЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ - поранешни градоначалници, министри и директори
СУДОТ ОДРЕДИ 30 ДНЕВЕН ПРИТВОР ЗА ОСОМНИЧЕНИТЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ - поранешни градоначалници, министри и директори
„ОВАА БОРБА ЌЕ БИДЕ ДОЛГА И НЕМА ДА БИДЕ РЕШЕНА НИТУ ЗА ЕДНА, НИТУ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ“ - Директорот на ФЗО, Клековски, вели дека сега почнува ризикот од инфекции
„ОВАА БОРБА ЌЕ БИДЕ ДОЛГА И НЕМА ДА БИДЕ РЕШЕНА НИТУ ЗА ЕДНА, НИТУ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ“ - Директорот на ФЗО, Клековски, вели дека сега почнува ризикот од инфекции
НА МИРНИОТ СОБИР ГРАЃАНИТЕ НА КОЧАНИ ИМ ДАДОА ПОДДРШКА НА ЛИЦАТА ОД ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО: „Ги спасувале младите, а наместо да се лекуваат, тие се во притвор“
НА МИРНИОТ СОБИР ГРАЃАНИТЕ НА КОЧАНИ ИМ ДАДОА ПОДДРШКА НА ЛИЦАТА ОД ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО: „Ги спасувале младите, а наместо да се лекуваат, тие се во притвор“
КАКО И КАДЕ ЌЕ СЕ ВРАЌААТ ПАЦИЕНТИТЕ ПОВРЕДЕНИ ВО ПОЖАРОТ КОИ СЕГА СЕ ЛЕКУВААТ ВО СТРАНСТВО - според Таравари, некои ќе дојдат со комерцијален лет, а за некои ќе треба подолга рехабилитација
КАКО И КАДЕ ЌЕ СЕ ВРАЌААТ ПАЦИЕНТИТЕ ПОВРЕДЕНИ ВО ПОЖАРОТ КОИ СЕГА СЕ ЛЕКУВААТ ВО СТРАНСТВО - според Таравари, некои ќе дојдат со комерцијален лет, а за некои ќе треба подолга рехабилитација
НА ЛЕКАР ВО ПРИВАТНА БОЛНИЦА ВО СКОПЈЕ МУ БИЛЕ УПАТУВАНИ ЗАКАНИ ОД 45 ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ - полицијата работи на случајот
НА ЛЕКАР ВО ПРИВАТНА БОЛНИЦА ВО СКОПЈЕ МУ БИЛЕ УПАТУВАНИ ЗАКАНИ ОД 45 ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ - полицијата работи на случајот
„ПРВ ИЗЛЕЗЕ, АМА СЕ ВРАТИ ДА СПАСИ КОЛКУ МОЖЕ ПОВЕЌЕ ЛИЦА“ - другарите раскажуваат и тагуваат за младиот Ице
„ПРВ ИЗЛЕЗЕ, АМА СЕ ВРАТИ ДА СПАСИ КОЛКУ МОЖЕ ПОВЕЌЕ ЛИЦА“ - другарите раскажуваат и тагуваат за младиот Ице
Митева: Два објекти не ја почитувале одлуката на Владата за денови на жалост, итна реакција и преземени сите мерки
Митева: Два објекти не ја почитувале одлуката на Владата за денови на жалост, итна реакција и преземени сите мерки