Што поседуваат Асмир Јахоски и Пуцко Петрол?Бензински пумпи, складишта, парцели...
Објавено во: Економија 13 Март, 2025 07:50
Асмир Јахоски, сопственикот на „Пуцко Петрол“, кој е во домашен притвор по апсењето во аферата за набавка на мазут со сомнителен квалитет заедно со Ратко Капушевски од РКМ, има огромна малопродажна мрежа на бензински пумпи, но и вреден имот за продажба на деривати на големо.
Синот на поранешниот градоначалник на Пласница и функционер на ДУИ, Исмаил Јахоски, ги има бензинските пумпи „Октан“ од кои две во Сарај, понатаму Прилеп, Шуто Оризари, Гази Баба на излезот од Скопје, Кичево, Аеродром, Кисела Вода, Македонски Брод, Карпош и Ново Село.
Јахоски со „Пуцко Петрол“ од пред некоја година ги поседува можеби најголемите складишта за нафта и нафтени деривати во земјата на територијата на Кисела Вода, а исто има и големи складишта за гориво во Ижиште. Овие поседи му овозможуваат лесно да добива тендери за набавка на големо на нафта и нафтени деривати. Оваа компанија поседува и цистерни за превоз на гориво.
„Пуцко Петрол“ има и градежни апетити, откако за 18 милиони евра го купи земјиштето на поранешната фабрика „Алумина“ во скопско Тафталиџе. Според новиот Детален урбанистички план за оваа парцела, се предвидува да се градат згради кои можат да бидат високи и до 35 метри. Лани медиуми објавија дека оваа фирма ја купила управната зграда на „Бетон“ во Карпош за 5 милиони евра, но тоа беше демантирано.
Освен „Пуцко Петрол“, семејството Јахоски има и други фирми кои се водат на име на други членови од потесната фамилија. Во странство, Асмир Јахоски има бизнис релации во Загреб со Саша Боко, поранешен директор на Шпаркасе банка во Скопје, кој пак имал партнерски односи со семејството на Сеад Кочан, поранешниот сопственик на „Трансмед“ и осуденик во случајот „Труст“.
Според Обвинителството, Јахоски му помогнал на Капушевски да се исперат пари во висина од 72 милиони денари врз основа на договор за посредување и анекс кон договорот со РКМ за голема јавна набавка на мазут. Со парите се купувале две возила „mercedez benz“, а дел од парите се префрлале на своите сметки во разни банки и потоа се подигале во готовина.
Обвинителството соопшти дека во соработка со правосудната полиција презема дејствија во насока на обезбедување на докази за сопственост на движен и недвижен имот на осомничените „со цел нивно обезбедување заради понатамошна евентуална конфискација“.
А.К.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски: Економијата мора да излезе од замката на ниски плати
Миќовиќ за НИС и рафинеријата: Одлична можност фабриката во Панчево да се врати во српски раце
Милијардерите наследуваат рекордно ниво на богатство
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кој е 10 пати побогат по изборната победа на Трамп: Се работи за еден од наследниците, а еве од што се збогатува
Директорот на НИС им се обрати на вработените: Еве што се случува со продажбата на компанијата
Еден од клучните генератори на побарувачката за биткоин оваа година моментално е во големи проблеми
ДО КОГА МОЖЕ ДА ИЗДРЖИ СРБИЈА? Вучиќ за ситуацијата со НИС: Сигурен сум дека Русите ќе се договорат
Планот на Нетфликс да го купи Ворнер Брос. ја фрла театарската индустрија во превирања





