Димитров: Атина да ја види Македонија како сојузник, тоа е во интерес на Грција
Објавено во: Македонија 14 Септември, 2017
Mакедонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров изјави дека Македонија се надева дека направила доволно да ја убеди ЕУ да почне пристапни преговори во момент кога веќе 25 години продолжува спорот со Грција.
За Ројтерс, Димитров изјави дека Грција не го прифатила веднаш минатомесечниот предлогот на Македонија, таа држава да го употребува името Поранешна Југословенска Република Македонија во другите меѓународни тела.
Димитров вели дека е потребно „Атина да ја види Македонија како сојузник. На долг рок тоа е и во интерес на Грција да има сосед држава во која владејат закони, додава Димитров.
„Доколку оствариме доволно во смисла на реформи дома, се надеваме дека ќе го достигнеме стадиумот за преговори за членство во ЕУ, и истовремено ќе постигнеме договор за прашањето за името“ - вели Димитров.
Министерот смета дека до членство во НАТО треба да се стигне со преговори.