19 Мај, 2024
0.0278

Димитров: Ќе биде крајно несериозно ако немаме постојан амабасадор на Самитот на НАТО

Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Никола Димитров, министерот за надворешни работи, денеска одговарајќи на новинарско прашање, рече дека ќе биде крајно несериозно ако Македонија не успее да избере постојан амабасадор, а наедно и воен претставник, во НАТО до Самитот на Алијансата во Лондон на 3 и 4 декември.

Срамот би бил уште поголем ако се знае дека владини функционери на 3 и 4 декември предводени од премиерот Зоран Заев за прв пат ќе седнат на заедничката лидерска маса на НАТО.

- Сега кога сме на еден метар од членството ќе биде крајно несериозно ако политичките чинители кои учествуваат во постапката за именување на амбасадори не успеат да обезбедат постојан претставник на РСМ при НАТО. Тоа мораме да го завршиме и ќе го затвориме како прашање во смисла на функционалност и во смисла на сериозност. Ќе биде лош сигнал ако полноправното членство го дочекаме со вршител на работите. Овие денови треба да ја завршиме оваа работа и ќе испратиме човек со искуство и достојна тежина да ни ја претставува земјата, рече Димитров.

Во моментов министерката за одбрана Радмила Шекеринска се консултира со македонскиот претседател Стево Пендаровски а како единствено име за кое се претпоставува дека ќе биде избрано е премиерскиот советник Дане Талевски.

- Да испратиме амбасадор во НАТО и воен претставник во Алијансата за да покажеме дека го цениме членството, но и дека знаеме дека членството е одговорност. Џабе сме членки ако пак таму на тоа највисоко ниво сме отсутни, додаде Димитров.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“