19 Мај, 2024
0.0283

Димитров: Ќе мора да престанеме да испраќаме амбасадор политичар

Објавено во: Македонија 21 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров кој го придружува премиерот Зоран Заев во Софија, денеска изјави дека ќе биде запрена постапката за испраќање на Александар Николоски на амбасадорска позиција во седиштето на ЕУ во Брисел.

„Во основа постапката е запрена, ова е повеќе политички фолклор или политичко партиски фолклор“ - кажа Димитров. 

Димитров, јави известувачот на МИА од Софија, нагласи дека за случајот со Николовски нема основа за понатамошна дебата. Вели дека кога би бил на негово место, би повлекол и не би го држел ова прашање отворено.

„Кого ќе претставува ако во моментов е секретар за меѓународна соработка на политичка партија. Ќе ја претставува политичката партија или Република Макдонија особено во голем центар што е еден од првите стратешки интереси ЕУ“ - рече Димитров.

Тој вели  дека мора да запре праксата за амбасадори да се испраќаат политичари.

„Мислам дека во Македонија ќе мора да престанеме да испраќаме амбасадор политичар или да се почнува со постапка за испраќање човек за амбасадор кој што е политичар пред одржување на изборите, бидејќи логиката на испраќање на некој кој ви е политички близок, особено во голем центар, е да работи со вас додека сте власт. Ние имаме неколкупати направано вакви грешки и мислам дека треба да се договориме како општество и политички систем ова да не го правиме“ - изјави Димитров

Го спомна примерот во САД каде што по автоматизам веднаш штом има нов претседател сите амбасадори кои се политички поставени ковертираат оставки. Во Австралија рече дека од 101 амбасадор само тројца се политичари, а во Бугарија околу 20%. 

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“