06 Мај, 2024
0.0254

Димитров: Шпанскиот амбасадор утре ќе го даде инструментот во Вашингтон

Објавено во: Македонија 18 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Никола Димитров, министерот за надворешни работи, на денешната заедничка прес-конференција со останатите членови од Владата рече дека шпанскиот амбасадор утре ќе го депонира инструментот од ратификацијата на пристапниот протокол на Македонија во НАТО по што земјата и формално ќе стане членка на Алијансата.

- Ветувањето на првиот состав на Собранието го исполнивме. Ова се случи откако решивме судбината да ја превземеме во наши раце. Во исклучително тешки и вонредни услови заврши ратификацијата на пристапниот протокол во шпанскиот Сенат. Утре шпанскиот амбасадор ќе го предаде оригиналот како инструмент на ратификацијата во Вашингтон, потоа Стејт Департментот ќе ги извести сите сојузници и седиштето на НАТО. Ќе добиеме писмо од генералниот секретар (Јенс) Столтенберг дека е време ние да го депонираме нашиот инструмент за ратификација. И кога ние ќе го депонираме нашиот инструмент, ние формално ќе станеме членка на Алијансата, рече Димитров.

Радмила Шекеринска, министерката за одбрана, рече дека веќе на Македонија може да се гледа како на официјална земја-членка на НАТО.

- Станавме 30-та членка на НАТО. Некои од одлуките беа ѓаволски тешки, но ги носевме со длабока верба дека се исправни.  Ниту една политичка идеја не преживеала толку долго колку идејата за НАТО-членство. Да си го честитаме членството во најголемата воено-политичка алијанса и честитки за трпението.  Токму во оваа мака се гледа на што можеме да се потпреме, од кого можеме да очекуваме мудрост и решение. Нека овој успех ни даде сила, оптимизам и истрајност, наведе Шекеринска на брифингот.

Вујар Османи, вицепремиерот за евроинтеграции, додаде дека набрзо следува за краток период и добивање датум за преговори на Македонија со ЕУ.

- Овој специфичен период не ни допушта да го славиме овој заеднички успех. Северна Македонија влегува во нова фаза на сопствениот напредок. За неполна недела закажан е Советот за општи работи, наречен ГАК, каде на маса се очекува да бидат предлог-заклучоците за отпочнување на преговори со Северна Македонија, а веројатно и со Албанија. Сите сигнали ни говорат дека земјите-членки немаат никакви забелешки за ваквата одлука, појасни Османи.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува