30 Април, 2024
0.0286

Димитров со умерен оптимизам за името на Македонија

Објавено во: Македонија 16 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Не сум избрал и не ми се допаднало уште ниту едно од предложените имиња за име на Македонија. 

Ова го изјави во интервју за бугарска телевизија македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров. 

Димитров не сакаше да коментира во детали дали конечно е можно во новото име да има "широк географски поим". 

Димитров објасни дека е подобро да не се зборува јавно многу за преговорите со Грција, а да се дејствува побавно и да се објаснува секој чекор, за да не се подгрева национализмот.

Никола Димитров дури и не се залага да предвидува кога може да има вистински напредок и решение. 

Македонскиот министер, исто така, се заблагодари на бугарското претседателство со ЕУ, кое дозволи напредок во врска со ова прашање. Прашањето е поголемо од политиката и политичката кариера, рече Димитров, кој убеди дека ова е прашање на принципи и дека треба да се брани, а не политичарите "да размислуваат за своето место", зошто "тогаш нема смисла ".


Имено,  Никола Димитров денеска на покана  на Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини и министерката за надворешни работи на Република Бугарија Екатерина Захариева (во својство на земја претседавач со Советот на ЕУ) учествуваше на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и земјите-кандидати за членство во ЕУ, кој се одржа во Софија.


Дискусиите на состанокот се фокусирани на соработката и партнерството во областа на безбедноста и одбраната а Димитров ја истакна потребата за сеопфатен пристап и глобална посветеност во справувањето со безбедносните предизвици и побара вклучување на земјите од нашиот регион во заложбите за развој на безбедносните и одбранбени политики, бидејќи, како што изнесе, иако земјите на Западен Балкан не се членки на ЕУ, тие и припаѓаат на истата Европска безбедносна заедница. Сметаше дека интеграцијата на нашите земји во ЕУ дополнително ќе ги зајакне напорите за адресирање на безбедносните прашања  на поефективен и покоординиран начин.

Можеби ќе ве интересира

ОД СРЕДА ВЛЕГУВАМЕ ВО НЕСТАБИЛЕН И ВРНЕЖЛИВ ПЕРИОД: За Велигденските празници ќе ни врне а температурите ќе бидат под просекот

ОД СРЕДА ВЛЕГУВАМЕ ВО НЕСТАБИЛЕН И ВРНЕЖЛИВ ПЕРИОД: За Велигденските празници ќе ни врне а температурите ќе бидат под просекот

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ВЕЛИГДЕН: Верниците купуваат јајца за празникот

ПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ВЕЛИГДЕН: Верниците купуваат јајца за празникот

ВЕРУВАМ ДЕКА НИКОЈ НЕ САКА ДА ЈА ВИДИ СДСМ НА КОЛЕНА, А ВМРО -ДПМНЕ РАЗУЛАВЕНА: Филипче вели изборните резултати ќе ги анализирале по изборите

ВЕРУВАМ ДЕКА НИКОЈ НЕ САКА ДА ЈА ВИДИ СДСМ НА КОЛЕНА, А ВМРО -ДПМНЕ РАЗУЛАВЕНА: Филипче вели изборните резултати ќе ги анализирале по изборите

ДАФИНА СТОЈАНОВСКА: Гласот кој ќе заврши за листите кои нема да имаат пратеник, ќе заврши на контото на Али

ДАФИНА СТОЈАНОВСКА: Гласот кој ќе заврши за листите кои нема да имаат пратеник, ќе заврши на контото на Али

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени