06 Мај, 2024
0.0264

Димитров: Заврши процесот на ратификација кај сите сојузници

Објавено во: Македонија 17 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Шпанија е 29-тата, последна земја членка на НАТО што го ратификуваше нашиот пристапен протокол, со тоа заврши процесот на ратификација кај сите сојузници, изјави денеска министерот за надворешни работи, Никола Димитров. 

„Шпанскиот сенат само што го ратификуваше пристапниот протокол за членство на Република Северна Македонија во НАТО со нула гласови против. Во оваа прилика би сакал во името на Владата и на сите македонски граѓани да изразам благодарност до Шпанија и воедно да им честитам и на македонските граѓани за овој заеднички успех што дојде како резултат на истрајност и решителност за храбри одлуки и посветеност. Со тоа завршуваме еден тридецениски процес, напор, стремеж да бидеме дел од северно-атлантското семејство“, истакна Димитров. 

Со ова се заокружува ратификацијата на протоколот од сите 29 земји членки, по што следи и депонирањето на инструментот во Вашингтон, со што формално-правно Северна Македонија ќе стане 30-та членка на Алијансата.

Амбасадорот на Шпанија, Емилио Лоренцо Сера рече дека како амбасадор на Шпанија во Скопје му претставува големо задоволство усвојувањето од страна на Сенатот на Шпанија на законот за ратификација на протоколот за прием на Република Северна Македонија како 30-та членка на НАТО. 

„Шпанија и Република Северна Македонија ќе станат и формално сојузници, што веќе де факто и се, продлабочувајќи ги на тој начин пријателските билатерални односи, од кога неговото височество, кралот на Шпанија ќе го потпише законот и инструментот за ратификација ќе биде депониран во Вашингтон, што секако ќе се случи набргу“, вели амбасадорот. 

Честиташе и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која напиша дека во овие тешки моменти ова е добра вест за земјата.

Можеби ќе ве интересира

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран

ЗА ДЕНЕСКА НАЈАВЕН ЗАВРШЕН НАРОДЕН СОБИР НА ЛЕВИЦА - ќе се обрати лидерот Димитар Апасиев

ЗА ДЕНЕСКА НАЈАВЕН ЗАВРШЕН НАРОДЕН СОБИР НА ЛЕВИЦА - ќе се обрати лидерот Димитар Апасиев

ЈАНАКИ ГО ВИКА АПАСИЕВ НА ТВ ИЛИ ПОТКАСТ ДУЕЛ: Ќе добие можност да ме прегази како правник, а и ќе се наплаќа

ЈАНАКИ ГО ВИКА АПАСИЕВ НА ТВ ИЛИ ПОТКАСТ ДУЕЛ: Ќе добие можност да ме прегази како правник, а и ќе се наплаќа

„КАКО ДА ГО ЧУВАМ ДЕТЕТО КОЕ СЕ ОПОРАВУВА И ДА ГИ ЛЕЧАМ РАНИТЕ ОД КУЧИЊАТА, БЕЗ ФИНАНСИИ“ - потресна приказна на граѓанка од Скопје

„КАКО ДА ГО ЧУВАМ ДЕТЕТО КОЕ СЕ ОПОРАВУВА И ДА ГИ ЛЕЧАМ РАНИТЕ ОД КУЧИЊАТА, БЕЗ ФИНАНСИИ“ - потресна приказна на граѓанка од Скопје

„ДВЕ ЛИЦА БЛИСКИ И ПОД КОМАНДА НА КИЧЕЕЦ МИ СЕ ЗАКАНУВААТ“ - Боки 13 вели дека нема да молчи и се ќе каже на второто гостување кај Лазаров

„ДВЕ ЛИЦА БЛИСКИ И ПОД КОМАНДА НА КИЧЕЕЦ МИ СЕ ЗАКАНУВААТ“ - Боки 13 вели дека нема да молчи и се ќе каже на второто гостување кај Лазаров

КАКО ВО ЛЕТО: ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ДЕНЕСКА - температури и до 26 степени

КАКО ВО ЛЕТО: ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ДЕНЕСКА - температури и до 26 степени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?