26 Април, 2024
0.0293

Димова доделила 125.000 евра за проект „Избери сирење“ на братот на пратеникот Диме Велковски, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Димова доделила 125.000 евра за проект „Избери сирење“ на братот на пратеникот Диме Велковски од СДСМ, oбвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Портпаролот на партијата, Димче Арсовски на денешната прес-конференција побара Лидија Димова од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност веднаш да си поднесе оставка. 

Вели дека таа не треба да чека ниту ден повеќе, поради начинот на кој биле доделувани пари за проекти.

Арсовски рече дека Димова сѐ уште не одговори за сомнежите околу рангирањето на проектите, ниту ги објави јавно. 

Најновиот проект за кој денеска сакаме да поставиме прашања, помалку чуден проект за кој се доделени пари на братот на пратеникот Диме Велковски, втор проект покрај магарињата, е проектот ‘Избери сирење‘, проект за кој се доделени 125.000 евра од Еразмус+ програмата. Значи доделени 125.000 евра европски пари од проект ‘Избери сирење‘ каде што треба да се едуцираат деца за сирење, пари што отишле повторно кај Диме Велковски. Поставуваме дилема и прашање, како е можно, овие два проекта во вредност од над 200.000 евра, европски пари, Лидија Димова да ги додели токму кај братот на пратеникот од СДСМ Диме Велковски, токму пред парламентарните избори.

Бараме јавно да се објави од страна на Диме Велковски и Лидија Димова на кој начин се трошеле и каде завршиле над 200.000 евра, односно во чии џебови завршиле парите. Бараме да објават јавно дали парите биле влечени преку сметки на други лица да ги вратат кај добитниците на проектите“, рече Арсовски.   

Од партијата велат дека купени се и две луксузни возила во вредност од 100.000 евра.

Деновиве имаше контроверзии околу проекти за кои се делеле високи суми на европски пари, по што Димова кажа дека нема да си поднесе оставка, и дека европските пари е може да бидат злоупотребени. 

Надлежните ги истражуваат случаите. 

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, Љупчо Николовски деновиве на социјалните мрежи информираше дека надлежните институции почнаа со проверка на случајот за доделувањето финансиски средства од ЕУ преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. 

Тој спомена и поднесување на политичка одговорност доколку имало злоупотреби. 

Можеби ќе ве интересира

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби