03 Мај, 2024
0.0279

Дирекцијата им ги зголеми паушалите за одржување на инфраструктурата на странските инвеститори

Објавено во: Економија 25 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Дирекцијата за технолошко-индустриските развојни зони со новите тарифници за 2020 им ги ги зголеми паушалите за одржување на инфраструктурата на странските инвеститори во внатрешноста на земјата и ги израмни цените со оние во Скопје1 и Скопје 2.

Сега месечно по 5 денари од метар квадратен ќе се наплаќа во сите преостанати зони за закупен простор. Според стариот тарифник донесен во средината на 2018 паушалите за Штип, Прилеп, Гевгелија, Струмица  и Струга беа 3,1 денари од метар квадратен како најфункционални по двете скопски. Во Кичево, Радовиш и Виница се наплаќаше по само 2 денари, а во Берово и Делчево цената беше дури 1 денар од метар квадратен.

Услугата од 5 денари по метар квадратен се дели подеднакво на пет дела и по 1 денар се наплаќа за одржување на површината и границата, одржувањето на осветлувањето, 24-часовното физичко обезбедување, 24-часовната контрола на влез и излез и обезбедување на услови за работа на царинската служба.

Остануваат исти цените на останатите услуги како што се паркинг тарифите за терминали, мерењата на стоката,м закупнината на магацинските простори, поставувањето банкомат и друго како во претходниот тарифник.

Дирекцијата е задолжена за одржување на 13 локации каде што се основани 15-тина технолошко-индустриски развојни зони. Од основаните зони,  оперативно подготвени и најфункционални се ТИРЗ Скопје 1 и 2, како и ТИРЗ Штип, а тука се и зоните во Кичево, Прилеп, Струга и Струмица. ТИРЗ Тетово е исто така оперативна и за неа е склучен Договор за јавно-приватно партнерство. 

Со годишен буџет одф неколку милиони евра дирекцијата ги реализира проектите за инфраструктурно уредување на зоните заради обезбедување услови за влез на нови инвеститори. Покрај внатрешната инфраструктура наТИРЗ Скопје 1 и 2, тука е и сообраќајно-транспортното поврзување. 

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија