19 Мај, 2024
0.0255

Директна помош за раст на платите до 18.000 денари во трудоинтензивните дејности

Објавено во: Економија 08 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска денеска во Свети Николе ја презентираше новата мерка за финансиска поддршка за раст на платите во трудоинтензивните фирми за што од Буџетот се издвоени 360 милиони денари.

Преку оваа мерка државата ќе обезбеди директна финансиска поддршка од 30% од растот на бруто плата на работници, за исплата на повисоки плати до 18.000 денари. Мерката е наменета за фирми кај кои трошоците за вработени сочинуваат повеќе од 50% од вкупните трошоци и не прават високи профити, односно фирми кои имаат добивка како процент од вкупните расходи помала од 10%. Спред пресметките на МТСП околу 15.000 компании и 50.000 работници ги исполнуваат условите за користење на оваа мерка.

Пред претставниците од мали фирми од Свети Николе, Штип и Куманово, Царовска појасни дека со оваа мерка дополнително се поттикнува спиралата на севкупниот пораст на платите за работниците во Република Македонија.  Министерката посочи дека целта на овие владини мерки е да се овозможи раст на платите, како предуслов за поквалитетен животен стандард, но истовремено да се задржи кондицијата на фирмите и да се подобри продуктивноста на работниците.

Претседателот на Организација на работодавачи  Ангел Димитров, со присутните сподели дека покрај мерката која денеска се промовира, важно е да се знае дека и активните мерки за вработување преку АВРМ се подобрени во споредба со минатите години. Голема дополнителна форма на поддршка може да се добие и преку Фондот за иновации, кој финансира и до 70% од проектите и притоа обезбедува бесплатна консултација за подготовка на проекти.

Во рамки на посетата на Св. Николе, министерката Царовска ја посети и фабриката ,,Мода’’ каде со работниците разговараше за условите за работа. 

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа