20 Декември, 2025
0.2734

Директор од Нови Пазар ја намали својата плата за да не крати кај вработените

Објавено во: Балкан 03 Септември, 2013 21:37

Добивај вести на Viber

Џемил Мулиќ, директорот на библиотеката „Доситеј Обрадовиќ“ во Нови Пазар си ја намалил платата за 44.000 динари, за да не им ја намали платата на своите вработени. „Имав бруто средства кои моравме да ги распоредиме на 30-те вработени во библиотеката. Јас не сакав да му ја намалам платата на другите, туку си ја намалив својата“, рекол Мулиќ за српските медиуми. Тој платата си ја намалил за 44.000 динари. Директорот вели дека ова се тешки времиња, кои бараат одговорност кон работниците. Социологот Ратко Божовиќ, како што пренесе Б92, вели дека ова е вистински пример што треба да се следи, бидејќи покажува дека ништо не е загубено. Тој додава дека и дека не е случајно што ваков гест направил човек од библиотека, затоа што тоа е местото каде треба да има книги и мудрост. „Кога ќе се појави таков човек, полн со несебичност и солидарност за другите, тогаш имаме малку поголема доверба дека не е се изгубено. Ова значи дека постојат луѓе кои се добар пример за тоа дека може и поинаку", вели тој.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација