19 Јануари, 2025
0.0262

Директорите на јавните здравствени установи учат да бидат подобри менаџери

Објавено во: Мои пари 03 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Директори на јавни здравствени установи ги усовршуваат своите менаџерски вештини на Академија за Менаџери. Викендов се заокружи вториот модул во рамките на Специјализираната тренинг програма за медицинските и економските директори на Јавните здравствени установи. Едукацијата ја изведуваат професори од Универзитетот Шефилд и СИТИ Колеџот. - Оваа тренинг програма Академијата за Менаџери ја креираше во консултација со Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија. За поефективен пристап кон тренинзите, имајќи го предвид фактот дека учесниците доаѓаат од различни здравствени установи и од различни позиции, обезбедивме четири модули на тренинзи: Економија на здравство, системи и политики; Организациско однесување; Организациски промени; и Менаџмент на синџири на снабдување. Целоснатанаставна програма е обезбедена од Универзитетот Шефилд, како и наставниот кадар, кој е составен од најдобрите професори од ова поле - изјави Марија Никовска, директор на Академија за менаџери. Вториот едукативен модул, Организациско однесување го предаваше г-дин Јанис Папаконстантину а опфаќа организациски структури, архитектура и дизајн на организациите и нови перспективи во организациското однесување. Доедукацијата на медицинските и економските директори е дел од едногодишната тренинг програма, а вклучува 4 образовни модули, Економија на здравство, системи и политики, Организациско однесување, Организациски промени и Менаџмент на снабдувачки синџири. По комплетирањето на четирите модули сите кои успешно ќе ја завршат тренинг програмата, ќе се здобијат со Сертификат за успешно комплетирање на специјализираната програма од престижниот Универзитет Шефилд.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ