10 Април, 2025
0.0667

Директорката на ДИЖС потврди: Инспектори не земале мостри од Крива Река по хаваријата

Објавено во: Македонија 04 Април, 2025 14:46

Добивај вести на Viber

Директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска на денешната прес конференција, рече дека градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, ширел паника и дека не објавил прецизно толкувани резултати од неговата анализа откако технолошка вода се излеа во Крива Река од пукната цевка во рудникот Тораница. Сепак потврди дека инспекторите не реагирале навремено и дека поради тоа, таа самата морала да презема иницијативи.

Митовски претходно рече дека ќе бара кривична одговорност и откри дека во водата има десет пати поголема концентрација на олово и стотици пати повеќе цијанид, азот и фосфор по инцидентот на 14 март.

- „Екоцид“ не се докажува со земање еден литар вода од едно место. Цијанид над дозволеното нема, а за ширење на паника се одговара кривично, порача Гиновска. 

Таа рече дека че ги достави сите анализи што ќе ги добие инспекторатот до кумановското јавно обвинителство кое веќе отвори случај,откако пукна цевка на рудникот за олово и цинк во сопственост на концесионерот „Булмак“.

- Работам на екипирање на инспекторатот, со зголемување на бројот на инспектори и тренинзи за моменти кога ќе дојде до вакви сериозни ситуации, а се работи  и на набавка на најсовремени инструменти за мострирање 

Овој случај ќе има правна разрешница, а јавноста ќе биде запознаена со сите мерки кои ќе ги преземе инспекторатот, додаде директорката.

Таа сепак призна дека инспекторите, како што претходно алармираа екоактивистите и градоначалникот, не реагирале навремено, по што таа смата иницирала испитување.

- Државните инспектори самостојно работат во својата проценка дали ќе земат мостри во тој момент. Тоа е точно дека не земале мостри, но јас како директор ги побарав сите досегашни испитување и ќе бидат доставени до ОЈО Куманово кое веќе отвори случај за овој еколошки инцидент

Резултатите се земени пред еден ден од анализата на градоначалникот и не се точни. Во моите извештаи од акредитирана лабораторија, цијаниди во Крива Река има помалку од 2

Прво да го добиеме официјалното вештачење,па ќе видиме дали ќе има кривична пријава за „Булмак“

Градоначалникот Митовски не знаел да ги прочита резултатите и покажал повеќе загриженост за неговиот мандат без да побара соработка, рече таа пред медиумите.

Можеби ќе ве интересира

Казна за кланица која испуштала крв во река во Струмица

Казна за кланица која испуштала крв во река во Струмица

Тензии во Кочани, во понеделник се бира в.д. градоначалник

Тензии во Кочани, во понеделник се бира в.д. градоначалник

Тетовските судии во одбрана на Ферати: Досудил најстрога казна за прегазувањето на Тамара

Тетовските судии во одбрана на Ферати: Досудил најстрога казна за прегазувањето на Тамара

МВР со вонредно предупредување: Чувајте се од „фишинг“ измами

МВР со вонредно предупредување: Чувајте се од „фишинг“ измами

Гол маж приведен во центарот на Скопје, па однесен во психијатриска болница

Гол маж приведен во центарот на Скопје, па однесен во психијатриска болница

Фондот за здравство се огради од вработениот кој давал податоци за брзи кредити: Изолиран случај, граѓаните да ни веруваат

Фондот за здравство се огради од вработениот кој давал податоци за брзи кредити: Изолиран случај, граѓаните да ни веруваат

ПРЕД ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ ПРИСТИГНАТ И ЛЕКОВИТЕ ЗА ОНКОЛОШКИТЕ ПАЦИЕНТИ - Клековски вели доцни поради промени во системот за јавни набавки

ПРЕД ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ ПРИСТИГНАТ И ЛЕКОВИТЕ ЗА ОНКОЛОШКИТЕ ПАЦИЕНТИ - Клековски вели доцни поради промени во системот за јавни набавки

ДЕНЕСКА СЕ ВРАЌА ЕДЕН ПАЦИЕНТ ОД БУГАРИЈА, СОСТОЈБАТА НА КРИТИЧНИТЕ ОСТАНУВА НЕПРОМЕНЕТА - најнов здравствен билтен за повредените во Кочани

ДЕНЕСКА СЕ ВРАЌА ЕДЕН ПАЦИЕНТ ОД БУГАРИЈА, СОСТОЈБАТА НА КРИТИЧНИТЕ ОСТАНУВА НЕПРОМЕНЕТА - најнов здравствен билтен за повредените во Кочани

„КАДЕ БЕШЕ 'КОЈ Е СЛЕДЕН' КОГА СЕ ИЗРЕКУВАШЕ СРАМНАТА ПРЕСУДА?“Се огласи семејството на починатата Теодора, се оградуваат од протестите на „Кој е следен“

„КАДЕ БЕШЕ 'КОЈ Е СЛЕДЕН' КОГА СЕ ИЗРЕКУВАШЕ СРАМНАТА ПРЕСУДА?“Се огласи семејството на починатата Теодора, се оградуваат од протестите на „Кој е следен“