24 Април, 2025
0.0372

Финансиска полиција „тресе“ фирма на човек близок со Оливер Спасовски

Објавено во: Македонија 09 Април, 2025 11:50

Добивај вести на Viber

Медиуми блиски до власта информираат дека Управата за финансиска полиција ја проверува документацијата на кумановската фирма Пин Петрол.

Како што е објавено, претресите доаѓаат по сомнеж за проневера на пари кои фирмата била должна да ги исплаќа на Јавното претпријатие за државни патишта. 

Според засега неофицијални информации, приведена е блиска роднина, поточно братучетка на поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Инаку сопственик на Пин Петрол е Добрин Петрушевски, бизнисмен за кој било пишувано дека е во добри односи со Спасовски, а неговиот син Никица му бил советник.

Во предметниот случај се дознава дека е приведена Габриела Спасовска Крстевска. Случајот го потврдија и од Финансиската полиција, од каде велат дека поднеле кривична пријава против Спасовска Крстевска и уште две лица и тоа Д.П., директор на фирмата „Пин Петрол“ и Н.С., службеник во Јавното претпријатие за државни патишта.

„Со горенаведените дејствија пријавените му нанеле штета на Буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта во вкупен износ од 22.294.343,00 денари“, велат од Финансиската полиција.

-Првопријавениот Д.П. во својство на управител и одговорно лице во правно лице Пин Петрол ДОО Куманово, кое врши работи од јавен интерес согласно Законот за возила на РСМ, иако бил свесен дека од страна на правниот субјект Пин Петрол ДОО Куманово не се врши редовна и перманентна уплата на парични средства по основ на надоместок за јавни патишта кон Јавното претпријатие за државни патишта согласно месечните извештаи за ставки од Регистрација според вид и подкатегорија на возила од надоместокот за Јавни патишта, ја злоупотребил својата службена положба и овластување доверена од Јавното претпријатие за државни патишта со Договор за извршување работи за наплата на надоместокот за употреба на јавните патишта (патна такса) а за кој претходно правното лице Пин Петрол ДОО Куманово има добиено ОВЛАСТУВАЊЕ од Министерството за внатрешни работи на РСМ да врши технички преглед на возила, на начин што спротивно на обврските од Договорот не извршил контрола и не преземал никакви мерки и дејствија за реална уплата кон Јавното претпријатие за период од 01.08.2019 до 30.09.2024 година, информираат од Финансиската полиција.

Оттаму истакнуваат дека второпријавената Г.С.П. во својство на Службено лице, во АД за поштенски сообраќај Пошта на Северна Македонија во државна сопственост – Скопје, Договорна пошта Куманово со правниот субјект ПИН ПЕТРОЛ ДОО Куманово, со намера да прибави противправна имотна корист за себе, наплатените парични средства од правни и физички лица на име надоместок за јавни патишта, ги присвоила за себе, наместо истите да ги уплати на сметката на Јавното претпријатие за државни патишта преку Договорната пошта.

-За ова таа била должна согласно Договор за вработување во ПИН ПЕТРОЛ и Договор за извршување работи за наплата на патна такса на ПИН ПЕТРОЛ склучен со ЈПДП, на начин што второпријавената извршила фалсификување на налози за уплата со цел на дознака Фонд на патишта кои се регистрирани во системот за наплата на АД ПОШТА под ист референтен број за две различни лица кои извршиле уплата и со тоа предизвикала штета на Буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта. Третопријавената Н.С. во својство на службено лице во Јавното претпријатие за државни патишта, постапила несовесно при вршењето на своите овластувања и должности на начин што пропуштила должна контрола и надзор на разликата помеѓу приливите од станицата за технички преглед Пин Петрол Куманово по основ Патна такса и покрај тоа што на увид ги имала месечните извештаи од станицата за технички преглед каде е наведено колкав износ по горенаведениот основ е наплатен од нивна страна, со што предизвикала штета на Буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта, се наведува во соопштението.


Можеби ќе ве интересира

Обвинителство: Под истрага 49 лица за злоупотреби со давање на инвалидски пензии и туѓа нега

Обвинителство: Под истрага 49 лица за злоупотреби со давање на инвалидски пензии и туѓа нега

„ПОСТАПУВААТ ИСТИТЕ ОБВИНИТЕЛИ И СУДИИ КОИ СЕ БИРАНИ ОД СДСМ“: Мицкоски контра Трајчулески за истрагата во Кочани

„ПОСТАПУВААТ ИСТИТЕ ОБВИНИТЕЛИ И СУДИИ КОИ СЕ БИРАНИ ОД СДСМ“: Мицкоски контра Трајчулески за истрагата во Кочани

ГАШИ ТВРДИ: Има зголемена волја за забрзување на евроинтеграцискиот процес

ГАШИ ТВРДИ: Има зголемена волја за забрзување на евроинтеграцискиот процес

Интерпелацијата на Тошковски на 29 април

Интерпелацијата на Тошковски на 29 април

„ДИРЕКТОРОТ ШТО БАРАШЕ МИТО ЗА ГЕРИЈАТРИЈА БЕШЕ ЧЛЕН НА НАШАТА ПАРТИЈА, УТРЕДЕНТА ГО РАЗРЕШИВ, ГО ИСКЛУЧИВМЕ И ОД ПАРТИЈА“: Таравари за скандалите во здравството

„ДИРЕКТОРОТ ШТО БАРАШЕ МИТО ЗА ГЕРИЈАТРИЈА БЕШЕ ЧЛЕН НА НАШАТА ПАРТИЈА, УТРЕДЕНТА ГО РАЗРЕШИВ, ГО ИСКЛУЧИВМЕ И ОД ПАРТИЈА“: Таравари за скандалите во здравството

„СО ЏИП СЕ КАЧИ НА ПЕШАЧКА ПАТЕКА, ПРИНУДИ ЧОВЕК ВО ИНВАЛИДСКА ДА СЕ ТРГНЕ, ЗА ТОЈ ДА ПОМИНЕ“: „Да го направиме господинов познат“ се вели во објавата а видеото се споделува на социјалните мрежи

„СО ЏИП СЕ КАЧИ НА ПЕШАЧКА ПАТЕКА, ПРИНУДИ ЧОВЕК ВО ИНВАЛИДСКА ДА СЕ ТРГНЕ, ЗА ТОЈ ДА ПОМИНЕ“: „Да го направиме господинов познат“ се вели во објавата а видеото се споделува на социјалните мрежи

Гром усмрти жител од прилепско

Гром усмрти жител од прилепско

И СОПСТВЕНИК, И ПЕНЗИОНЕР, И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УПРАВЕН ОДБОР - кој газда добива награда од 2.400 евра, но затоа направи модерни и признати бањи

И СОПСТВЕНИК, И ПЕНЗИОНЕР, И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УПРАВЕН ОДБОР - кој газда добива награда од 2.400 евра, но затоа направи модерни и признати бањи

ОВОШКИТЕ ИЗМРЗНАА: Како сега ќе се снаоѓаат луѓето од Росоман и Ресен за егзистенција?

ОВОШКИТЕ ИЗМРЗНАА: Како сега ќе се снаоѓаат луѓето од Росоман и Ресен за егзистенција?