17 Април, 2025
0.0469

„КАДЕ БЕШЕ 'КОЈ Е СЛЕДЕН' КОГА СЕ ИЗРЕКУВАШЕ СРАМНАТА ПРЕСУДА?“Се огласи семејството на починатата Теодора, се оградуваат од протестите на „Кој е следен“

Објавено во: Македонија 10 Април, 2025 13:24

Добивај вести на Viber

По семејството на неодамна прегазената и трагично загината Фросина Кулакова, и семејството на прегазената Теодора Ристовска се оградува од протестите кои се организираат за жртвите, а кои се во организација на „Кој е следен“.
Најпрво, искрена благодарност до целата јавност, медиумите и особено до Премиерот Христијан Мицкоски за навремената реакција и поддршка. Веруваме дека таа поддршка веќе дава резултати и се надеваме дека Судскиот совет ќе постапи по скандалозната пресуда на судијата Ељведин Ферати. Како семејство имаме сомнежи дека зад одлуката стојат политика, мито и корупција, и нема да запреме додека не се изнесе правдата на виделина.

Во врска со најавениот протест во Скопје од иницијативата “Кој е следен?” јавно кажуваме: НЕ ГО ПОДДРЖУВАМЕ.

Никој не нè праша, не нè извести, не побара мислење. Зошто протест во Скопје кога сè се случи во Тетово? Таму живееше Теодора, таму беше убиена, таму судијата донесе срамна одлука, и таму шета слободно убиецот.

На последниот протест, нашата мајка лично побара протест во Тетово, беше одбиена. Зошто?

Јавно прашуваме: каде беше “Кој е следен?” кога се изрекуваше срамната пресуда? Каде беа кога беше најпотребно?

Доста е од иницијативи што не ги слушаат семејствата, што жртвите ги користат како алатка за туѓи цели.

Затоа повикуваме:

Тетовчани, излезете со нас за Теодора, за вистината, за правдата.

Не во Скопје. Не со нив. Во Тетово, каде што почна неправдата, таму мора да заврши.

Без политиканство! Наша единствена политика е Теодора!

ПРАВДА ЗА ТЕОДОРА!“, напиша сестрата на Теодора.


Можеби ќе ве интересира

РАДЕВ СЕ СРЕТНА СО КОС: Кажа што очекува од Македонија

РАДЕВ СЕ СРЕТНА СО КОС: Кажа што очекува од Македонија

НА ОСНОВА НА ЗЛОУПОТРЕБА СО ПАТНИ ТРОШОЦИ ЗЕМАЛЕ НАД 600.000 ДЕНАРИ: Кривични пријави за специјалци од ЕБР

НА ОСНОВА НА ЗЛОУПОТРЕБА СО ПАТНИ ТРОШОЦИ ЗЕМАЛЕ НАД 600.000 ДЕНАРИ: Кривични пријави за специјалци од ЕБР

АНДОВСКИ: Уште двајца повредени од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани се во релативно тешка состојба

АНДОВСКИ: Уште двајца повредени од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани се во релативно тешка состојба

БЕКТЕШИ ДОБИ УШТЕ 30 ДЕНА ПРИТВОР: Љупчо Папазов оди во куќен притвор

БЕКТЕШИ ДОБИ УШТЕ 30 ДЕНА ПРИТВОР: Љупчо Папазов оди во куќен притвор

ПОЧНА ГУЖВАТА НА БОГОРОДИЦА: Помала колона возила чека да влезе во Грција

ПОЧНА ГУЖВАТА НА БОГОРОДИЦА: Помала колона возила чека да влезе во Грција

Почина уште еден изгорен од дискотеката во Кочани

Почина уште еден изгорен од дискотеката во Кочани

Кичевчанец дивеел низ градот и повредувал луѓе

Кичевчанец дивеел низ градот и повредувал луѓе

ОБВИНИТЕЛСТВО: Ниту еден обвинител не се повлекол поради политички притисоци од истрагата за Кочани

ОБВИНИТЕЛСТВО: Ниту еден обвинител не се повлекол поради политички притисоци од истрагата за Кочани

Полицаецот од Кочани кој се сметаше дека е во бегство, утринава се пријавил сам

Полицаецот од Кочани кој се сметаше дека е во бегство, утринава се пријавил сам