26 Септември, 2022
0.0183

ДИРЕКТОРОТ НА „ТЕТЕКС“ И ЧЛЕН НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА ТТК БАНКА, ГОГОВСКИ, ДОКУПУВА АКЦИИ - се стекна со 2.100 обични акции на банката

Објавено во: Финансии 16 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Бобан Гоговски, кој сега е на кормилото на тетовскиот комбинат „Тетекс“, односно извршен член на Одборот на директори на компанијата, а од неодамна е именуван и за член на Надзорниот одбор на ТТК Банка, купува акции од банката.

Имено, ТТК банка преку ценовно чувствителна информација на Берзата, денеска информира дека Бобан Гоговски, именуван член на Надзорениот одбор на Банката, се стекнал со 2.110 обични акции, издадени од ТТК Банка АД Скопје.

Од банката известија и дека таму 1.500 обични акции купила Драгица Јовановска, Член на Надзорен одбор на ТТК Банка.

Како што е познато, согласно состојбата од Централниот депозитар за хартии од вредност, во ТТК Банка најголем поединечен акционер е тетовскиот комбинат „Тетекс“, со 41,53 отсто од акциите. Компанијата „Тетекс“ е и единствениот акционер кој поседува над пет отсто од капиталот на ТТК Банка.

Бобан Гоговски, како што веќе пишуваше Фактор, на 6 септември беше именуван за нов член на Надзорен одбор на ТТК Банка, со мандат до 19 март 2025 година. 

За оваа одлука беше наведено дека ќе почне да се применува по добивање согласност од гувернерката на Народна Банка.

Инаку, Бобан Гоговски од неодамна го презема управувањето со познатиот тетовски комбинат „Тетекс“. Промената како што објави „Фактор“ беше објавена во Централниот регистар на државава.

Покрај за Извршен член на Одборот на директори, Гоговски беше именуван и за Генерален директор со неограничени овластувања во внатрешниот и надворешен промет на комбинатот.

Бобан Гоговски е дипломиран електротехнички инжинер. Тој е син на Глигорие Гоговски, починатиот долгогодишен прв човек на тетовскиот комбинат „Тетекс“.

Во моментов Бобан Гоговски располага со 6,67 отсто од акциите на комбинатот „Тетекс“, согласно состојбата од Централниот депозитар за хартии од вредност.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Фунтата на рекордно ниско ниво, расте вредноста на доларот во однос на кошницата на валути

Фунтата на рекордно ниско ниво, расте вредноста на доларот во однос на кошницата на валути

КОМПАНИИТЕ НАГРНАА ПО КРЕДИТИ, РИЗИЧНИ ЗАДОЛЖУВАЊАТА ВО СТРАНСКИ ВАЛУТИ, затегнувањето на монетарната политика ќе ги направи кредитите уште поскапи

КОМПАНИИТЕ НАГРНАА ПО КРЕДИТИ, РИЗИЧНИ ЗАДОЛЖУВАЊАТА ВО СТРАНСКИ ВАЛУТИ, затегнувањето на монетарната политика ќе ги направи кредитите уште поскапи

ГРАЃАНИТЕ НАЈМНОГУ СЕ ЖАЛАТ ЗА ДЕБИТНИТЕ И КРЕДИТНИТЕ КАРТИЧКИ, НБ со анализа на поплаките од корисниците

ГРАЃАНИТЕ НАЈМНОГУ СЕ ЖАЛАТ ЗА ДЕБИТНИТЕ И КРЕДИТНИТЕ КАРТИЧКИ, НБ со анализа на поплаките од корисниците

БАНКАТА НА АНГЛИЈА ГИ ЗГОЛЕМИ КАМАТНИТЕ СТАПКИ, поскапувањата поттикнаа раст за половина поен втор месец по ред

БАНКАТА НА АНГЛИЈА ГИ ЗГОЛЕМИ КАМАТНИТЕ СТАПКИ, поскапувањата поттикнаа раст за половина поен втор месец по ред

ДОЛАРОТ СЕ ПОЈАК ОД ЕВРОТО, српски експерти со совети дали треба да се променат навиките на штедење

ДОЛАРОТ СЕ ПОЈАК ОД ЕВРОТО, српски експерти со совети дали треба да се променат навиките на штедење

Шефицата на ММФ предупредува: Ако не се ублажи инфлацијата ќе има „луѓе на улица“

Шефицата на ММФ предупредува: Ако не се ублажи инфлацијата ќе има „луѓе на улица“

Инфлацијата руши рекорди: Шири Ланка на врвот, во август стапката достигна 70,2 отсто

Инфлацијата руши рекорди: Шири Ланка на врвот, во август стапката достигна 70,2 отсто

ЗАШТЕДИТЕ РАСТАТ И ВО ВРЕМЕ НА КРИЗА, дали стравот од поголема немаштија ги тера граѓаните да штедат?

ЗАШТЕДИТЕ РАСТАТ И ВО ВРЕМЕ НА КРИЗА, дали стравот од поголема немаштија ги тера граѓаните да штедат?

ФЕД ГИ ЗГОЛЕМИ КАМАТИТЕ, ова е највисоко ниво во последниве 15 години

ФЕД ГИ ЗГОЛЕМИ КАМАТИТЕ, ова е највисоко ниво во последниве 15 години