Дишев со помош на машина, ме спасија волјата за живот и стручноста на тимот на Инфективната клиника – Режисерот Димитар Сеизов за борбата со короната
Објавено во: Македонија 22 Октомври, 2021
По седум недели борба со короната, познатиот режисер Димитар Сеизов-Дики од „Moonlight produkcija“ е на домашно лекување. Најтешките денови од неговиот живот испонети со неизвесност, искушенија и борба за живот веќе се минато.
-Беше страшно, но сѐ помина. Следува период на рехабилитација на умот, телото и белите дробови, вежби за проодување. Најстрашно беше првите две недели недели, поточно првите 10 дена кога сатурацијата на кислород ми беше многу ниска, околу 60, а треба да е над 90. Тогаш немате кислород во телото, не треба да појаснувам што значи тоа. Ме ставија на машина која дише за мене. Требаше само да го следам нејзиниот ритам, колку што е возможно во таа состојба – вели Сеизов на почетокот од разговорот и појаснува дека докторите дополнително се соочувале со тешкотии да најдат соодветна терапија,за да почнат да ги ослободуваат белите дробови кои биле целосно зафатени.
-Во тој период,имав борба сам со себе, многу халуцинации. Но, имав некои свои мотиви и случки кои ме одржаа во добро расположение. Ме мотивираа, ми ја зацврстија волјата за живот. Ме натераа да не се предавам, да завршам одредени ветувања. Сето тоа ме врати во живот. После таа бура, беше критично уште една недела, но работата магично почна да се поправа во сите насоки. Секој ден беше сѐ подобро и подобро. Не се тоа некакви големи поместувања, но беа многу значајни и за мене психилошки и за докторите, бидејки беше знак дека ќе се опоравувам – посочува Димитар.
Повеќе на Женски магазин овде