09 Октомври, 2024
0.0256

ДИЗАЈНЕРКАТА ЗАНА АЛИУ: Црвената боја е за храбрите жени

Објавено во: Стил 29 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Младата модна дизајнерка Зана Алиу својата нова колекција „Red&The spectrum“ ќе ја претстави утревечер (петок), на отворањето на 17. по ред Моден викенд Скопје. Настанот ќе се одржува од 30 март до 1 на интересна локација, во Националната и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“. Со Зана Алиу разговаравме за нејзината работа, инспирацијата, дамите со коишто соработува и за нејзиното мото „Што те прави да се чувствуваш убаво“, кое многу ја исполнува.

Женски магазин - Што ќе понудите на ревијата „Зана Алиу Шоурум“ на претстојниот Моден викенд Скопје?

Зана- Елегантност, префинетост и привлечност се карактеристиките кои ја опишуваат ревијата на „Зана Алиу Шоурум“ на претстојниот Моден викенд, утревечер, во петок. Секогаш кога креирам, сакам мојот карактер и стил да биде дел од таа креација. Мојата сензуалност да допре до желбата на секоја девојка, да се чувствува онака како што се замислува. Тоа е и моето мото „Што те прави да се чувствуваш убаво“, токму тоа чувство е тоа што не исполнува.

Повеќе прочитајте на Женски магазин, овде.