Дневно 20.000 луѓе умираат од глад
Објавено во: Економија, Свет 31 Октомври, 2016
Секој ден во светот умираат по 20.000 луѓе од глад, меѓу кои најбројни се децата од една до пет години.
По пет милијарди долари секој ден во светот се трошат за вооружување, велат од Советот на европскиот центар за мир. Се наведува дека европските земји или пак неколку, 10, 20 земји ги имаат во раце другите 196 земји.
Глобализацијата довела до технолошки и научен напредок, но во исто време предизвикала и големи разлики меѓу богатите и сиромашните. Наместо соработка се наведува дека има експлоатација.
Сега 1% од светската популација има богатство колку 82% од другите.
Во светот 200 луѓе имаат богатство еднакво на 2,2 милијарди луѓе.