До летото уште две недели, ќе се пушта дел од автопатот Кичево - Охрид
Објавено во: Економија 06 Јуни, 2025 09:50
Од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) велат дека во моментов нема отстапка од планираниот период за ставање во функција на дел од автопатот Кичево-Охрид, од Врбјани до Охрид, со исклучок на делот кај Ботун, откако претходно беше најавено дека на почетокот на летната сезона ќе бидат пуштени првите километри.
Во изјава за МИА од ЈПДП објаснуваат дека интензивно се работи на терен со посебен акцент на делницата од село Врбјани до Охрид, каде се изведува асфалтирање на делот од Врбјани до Ботун-главна траса.
- Забрзано тече изградбата на пристапните патишта од: Врбјани до Сливово, Сливово-Арбиново, Арбиново-Издеглавје, Издеглавје-Песочани, Песочани-Ново Село, Ново Село-Ботун, како и изградбата на пристапни патишта до село Горенци и село Оровник. Се изведува последната фаза пред асфалтирање и градежни активности на клучките Арбиново и Издеглавје, се поставува жичана ограда и еластична ограда, а кај Климештани е завршена десната страна и пуштена под времен режим на сообраќај и сега започнуваат активности на лева страна од главната траса. Започната е првата фаза на клучка Требеништа, а интензивно се работи од Подмоље до х. Амасадор на изградба на столбови за натпатник, изградба на потпорен ѕид, како и на изградба на фекална и атмосферска мрежа. Се работи и на натпатникот кај Св. Еразмо, но и на левата страна од Подмоље до Охрид каде се поставува еластична ограда во средишниот дел, а се вршат и припремни работи за асфалтирање на десната страна од главна траса, велат од Јавното претпријатие за државни патишта.
Вицепремиерот Александар Николоски претходно во неколку наврати најави дека пред почетокот на летната сезона ќе бидат пуштени 40 километри од автопатот Кичево-Охрид, на делот од село Врбјани до Охрид, со пресек кај селото Ботун, каде што има проблеми со косините. По појавата на нови свлечишта кај Ботун, во изминатиот период се работеше на надминување на проблемот со дополнителни геотехнички истражни работи и предлог технички решенија.
Како што посочуваат од ЈПДП, во тек е изработка на измена и дополна на основен проект за траса „Трајна стабилизација на косини и усеци“. По изработка на целокупната проектна документација ќе се направи детална финансиска анализа.
Проценетата вредност за автопатот Кичево-Охрид што се гради 10 години, е 589 милиони евра според Анекс бр. 3 на Договорот.
Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




