До овој момент не сме влезени во бугарско сценарио, вели Пендаровски
Објавено во: Македонија 22 Ноември, 2021
Македонскиот претседател Стево Пендаровски не смета дека Македонија е влезена во бугарско сценарио. Политичките случувањата, вели дека засега се одвиваат во рамки на Парламентот, низ процедура, и тоа е добро. Лошо ќе биде, вели, ако се прелеат на улица.
Пендаровски во вечерашното гостување на ТВ Сител, изјави дека најголемата заблуда е дека тој во ваков случај треба да свика лидерска средба.
Шефот на државата останува на ставот дека оставката што ја поднесе премиерот Зоран Заев е избрзана одлука, но тоа, потенцира, е веќе завршена работа.