16 Мај, 2024
0.0260

ДОАЃА ПРВИОТ СНЕГ: Eве каква зима ќе донесе

Објавено во: Стил 02 Јануари, 2016

Добивај вести на Viber

Метеоролозите прогнозираат дека првиот снег се очекува да падне вечерва. Врнежите ќе започнат во планинскиот дел во северозападниот регион, а бргу ќе се спуштат и на пониските места во северната половина од земјата. Во текот на ноќта и раните утрински часови овие снежните врнежи ќе се спуштат и во јужниот крај.

Оваа недела Македонија ќе биде под влијание на серија влажни воздушни бранови од Медитеранот што ќе предизвика променливо облачно време со повремени врнежи од снег.

Во јужните делови врнежите наместа ќе бидат од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од снег. Во западните делови наместа се очекува да се формира снежна покривка од околу 25 сантиметри.

Блага и просечно влажна зима 

Тримесечната прогноза покажува дека постои голема веројатност температурата за зимскиот период  да биде повисока од просечно многугодишната за периодиот 1981-2010 година.

Поголема веројатност за повисоки вредности од просечната постои во североисточниот дел на земјата, но тоа надминување нема да биде повеќе од 3 степени, информира Управата за хидрометеролошки работи врз основа на материјалите превземи од Европскиот Центар за среднорочна прогноза на времето во Рединг и Виртуелниот Центар за климатски промени за Југоисточна Европа.

Во овој период се предвидува количеството на врнежи да биде во границите на повеќегодишниот просек.  – Просечната температура за зимата измерена во Македонија е во опсег од -1,5 во Маврово до 5 степени целзиусови во Гевгелија, а врнежите од 90 милиметри во Штип до 318,9 во Лазарополе.

Изгледите за потопла и просечно влажна зима не ја исклучуваат веројатноста за појава на одредени периоди со постудено, суво односно влажно време со изразени отстапувања од вообичаените просечни вредности на температурата и врнежите, се вели во соопштението од УХРМ.