09 Мај, 2024
0.0255

Добија ли понуда што не се одбива? Кој дава 7 милиони евра за 7.600 квадрати двор во скопски Аеродром!

Објавено во: Економија 11 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Понудата на градежната компанија „Голден арт“ кон акционерите на „Раде Кончар – апаратна техника“ порасна од 5,8 на 7 милиони евра за два месеци! Станува збор за купување на вкупно 8.500 квадратни метри дворно земјиште и деловна зграда на Раде Кончар – заеднички дејности ДОО за што одлучувачки збор имаат акционерите на „Раде Кончар апаратна техника“

Реномираната градежна компанија „Голден арт“, специјализирана за изградба на објекти за колективно домување, ја зголеми за 20% понудата за откуп на земјиште кое припаѓа на „Раде Кончар – Заеднички дејности“ (РК ЗД). За 7.620 квадратни метри дворно земјиште и 878 квадратни метри деловен објект сопствениците на РК ЗД добија понуда вредна 7 милиони евра!

Понудата порасна за 20 отсто за помалку од три месеци. Кон крајот на декември лани понудата на „Голден арт“ изнесуваше 5,8 милиони евра.

Информацијата е официјално потврдена и достапна на СЕИ НЕТ информативниот сервис на Македонската берза за хартии од вредност и целосно е достапна на следниот линк https://www.seinet.com.mk/?docID=66910

Во официјалното соопштение пишува дека собирот на содружници на РК ЗД ДОО донел одлука ја да прифати изменетата понуда и условите за продажба на недвижниот имот. За да се реализира таа трансакција неопходно е акционерите на „Раде Кончар – Апаратна техника“ на вонредно акционерско собрание да гласаат за тој предлог и да го одобрат. „Раде Кончар – Апаратна техника“ поседува 40% од сите удели во РК ЗР ДОО и е неопходно да ја прифати понудата за да може да се реализира таа трансакција.

Доколку биде одобрено „Раде Кончар Апаратна техника“ ќе добие 2,8 милиони евра од продажбата на земјиштето кое е сопственост на РК ЗД ДОО – друштво кое е регистрирано за издавање деловен простор.

Голема е веројатноста дека одлуката ќе помине односно ќе биде прифатена затоа што четири физички лица кои се содружници во РК ЗД ДОО истовремено поседуваат и 28 отсто од акциите во „Раде Кончар Апаратна техника“.

Според најнови официјални податоци од Централниот депозитар „Раде Кончар Апаратна техника“ има над 600 домашни физички лица – акционери.

Најголем поединечен акционер во „Раде Кончар – Апаратна техника“ е Горан Антевски со 8,8 отсто од сите акции со право на глас. Јана Каневче поседува 7,55 отсто, Дарио Стојков поседува 7,35 отсто од акциите, а „Раде Кончар Сервис“ ДОО поседува 7,3 отсто од акциите во таа компанија. Други поголеми поединечни акционери се Велибор Киријас со 6,16 отсто и Владанка Трајкоска со 6,1 отсто од сите акции со право на глас.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!