Добил на лото 11 милиони евра, но не дошол навреме да си ги земе парите
Објавено во: Свет 01 Јануари, 2020
Кога среќата едноставно не сака некого. Добил на лото 11 милиони евра, но не дошол навреме да си ги земе парите, поради што му го поништиле тикетот.
Добитник на премија од 11 милиони евра на новогодишната лотарија во Турција не пристигнал на време за да ја подигне наградата, по што неговиот тикет е поништен.
„Дејли сабах“ објавил дека добитникот на наградата од 70 милиони турски лири (околу 11 милиони евра) не се пријавил да ја подигне добивката во предвидениот рок, на 17 часот на 31 декември, по што чекот со добивката бил вратен во турското министерство за финансии.
Овој човек предизвикал голем интерес во Турција, особено поради фактот што не се појавил да ја подигне наградата, и покрај јавните апели за подигнување на огромната добивка. Официјални претставници на Турската лотарија изјавиле дека ова е првиот случај во нивната историја некој добитник да не ја подигне наградата.