ДОБРИ ВЕСТИ ОД МАРИУПОЛ: Многу цивили го преживеале нападот на театарот
Објавено во: Свет 17 Март, 2022
Луѓето кои се сокриле во театарот во Мариупол, кој беше погоден од руска бомба, излегуваат живи од урнатините, се вели во кратката најава на поранешниот шеф на регионот Доњецк, Сергеј Тарут.
„После страшната ноќ, конечно имаме добри вести од Мариупол. Театарот издржа. Урнатините почнуваат да се расчистуваат. Луѓето излегуваат живи“, напиша Тарута.
Се уште не е јасно дали тоа значи дека сите што биле присутни во зградата преживеале. Да потсетиме, се проценува дека во моментот на нападот во зградата имало стотина луѓе.
Извор. Нова.рс
Фото: EPA/ARKADY BUDNITSKY