26 Април, 2024
0.0310

Доцна ли е реакцијата: Се изнадишавме отровен воздух

Објавено во: Македонија 20 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

И Македонија прва во нешто во светот. Да, убаво прочитавте. Први сме, ама на неславната листа на најзагадена земја во светот. Овој епилог доаѓа откако во последните два дена граѓаните дишат отровен воздух. 

Два последователни дена мерните станици ги превртуваат бројките на загаденост а ништо подобро не е ниту утрово.

Токму ова ги кончено ги натера надлежните да ги активираат мерките за заштита од аерозагадување.

Битола , Тетово и Струмица се трите градови каде стапија на сила мерките поради среднодневните концентрации на PM10 на мерните места каде има појава на надминување на праг на алармирање.

На работодавците им се наложува да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години.

Тоа важи и за лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар.

Се препорачува и да се реорганизира работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11:00 до 17:00 часот. а спортски и слични натпревари и манифестации да не се прават на отворено. Во препораките од Владата стои и дека Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Министерството за здравство треба да обезбедат услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба.

Меѓудругото се налага и до 50% намалување на употребата на службените возила и ограничување на работите на градежните објекти.

По овие препораки, јавноста со критики дека реакцијата е задоцнета а мерките треба да важат за повеќе градови.

Премногу загадено е и во Скопје а мерните станици го надминуваат прагот на аерозагадување и во главниот град.

Можеби ќе ве интересира

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите