16 Јануари, 2025
0.0271

Доцни изградбата на Мегагасоводниот проект „Јужен поток“

Објавено во: Македонија 18 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Стартот на изградбата на бомбастично најавениот мегагасоводен проект „Јужен поток“ доцни веќе неколку месеци. Иако, почетокот на изградбата стартуваше на 07 декември, оттогаш работите не мрднаа воопшто.  „Јужен поток“ влегува во критична фаза. Изградбата на проектот повеќе од сигурно е пролонгирана. Нема никаква официјална информација зошто е стопирана изградбата на проектот Јужен поток. Доброупатени извори за Фактор, тврдат дека во Србија и Бугарија од декември до денес воопшто не е почнато со изградба на гасоводот кој треба да поминува низ овие две држави. Речиси идентична е и ситуацијата во Унгарија. „Во Бугарија не се работи ништо веќе цели 5 месеци, исто е и во Србија, поради ваквата ситуација, официјална Москва е прилично незадоволна од развојот на настаните“, велат за Фактор, доброупатени извори. Иако, според првичните проекции „Јужен поток“ требаше да профункционира до крајот на 2015 година, но под услов изградбата на гасоводот истовемено да се одвива и во останатите држави низ кои ќе поминува гасоводот. Официјално, изградбата стартуваше на 07 декември минатата година од Русија. Политичката нестабилност во Бугарија дополнителен проблем за гасоводниот проект Политичката криза која ја зафати Бугарија, особено со предвремените парламентарни избори несомнено ќе ја одложи уште повеќе изградбата на делот од „Јужен поток“ кој поминува низ Бугарија. Нашиот источен сосед е сеуште без влада, а според најавите политичката криза таму можно е дополнително да се искомпликува, сигурно ќе предизвика одложување на почетокот на изградбата. Идентична е ситуацијата и во Србија и од кај нашиот северен сосед нема никакви информации за почеток на изградбата на гасоводот кој треба да поминува низ Србија, освен плановите и проектите, конкретна градежна активност сеуште нема. Русија негодува поради Јужен поток Пометувањето на датумот за почеток на изградбата на гасоводот предизвика негодување кај руските партнери. Ќе доцни и повеќе од година дена, пишуваше неодамна српски „Новости“. Додека се чека почетокот на изградбата на „Јужен поток“ во Србија, од руска страна стигнуваат информации дека Србија не ги исполнува сите обврски кога е во прашање најскапиот европски проект. Ова на почетокот во април го изјави државниот советник на Руската федерација Модест Колеров, кој објасни дека Србија не се однесува по клучниот договор склучен помеѓу поранешното раководство на земјата и Владимир Путин, пишуваше српкси „Новости“. Претседателот на УО на Газпром, Милер, дополнително го помести датумот за ставање камен темелник на “Јужен поток“ за во 2014 година. „Проектот Јужен поток се одвива според планираните рокови и почетокот на градежните активности е предвиден за декември 2013 – јануари 2014 година“, истакна Милер, за време на неодамнешната посета во Србија. „Гас од Јужен поток ќе дојде до Бугарија во декември 2015 година, а испораката на овој енергенс од Србија ќе почне од 2016 година“, потенцираше Милер. Инаку, пред неколку дена, Агенцијата за територијално планирање и српската енергетска компанија „Србијагас“ потпишаа договор за измени и дополнувања на планот за изградба на гасоводот „Јужен тек“ на територија на Србија. Проблемите се јавија на трасата на гасоводот на српска територија на потегот од Зајачар до Сомбор, каде што минува гасоводот. Според најавите,  планот за изградба на „Јужен поток“ ќе биде изработен до 30 јуни, а наесен би можело да се почне со градежните работи. „Јужен поток“ од стратешко енергетско значење во Европа Инаку, „Јужен поток“ е од стратешко значење за енергетката безбедност во Европа и беше планирано да биде пуштен во употреба до крајот на 2015 година.  Овој гаосоводен проект чини 16 милијарди евра. Гасоводот треба да минува низ Бугарија, Србија, Унгарија, Словенија и Италија, а останатите држави ќе бидат приклучени преку краците. Македонија иако имаше најави дека ќе биде приклучена на „Јужен поток“ со крак, сепак и официјалните власти во земјава не соопштуваат дополнителни детали, откако најавија дека кон крајот на јануари 2013 година, Македонија ќе имала информација на кој начин би била приклучена кон проектот. Сепак, до сега нема никаква нова официјална вест по однос на ова прашање. Редакција Фактор

Можеби ќе ве интересира

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката